http://www.zoofirma.ru/

 Клиника за пластична и реконструктивна хирургија

 

klinickicentar

 
 
 
Клиниката за Хируршки болести е основана и започнала со работа на 17 март 1947 година.
 
Одделот за Пластична и Реконструктивна хирургија е основан неколку години подоцна. Во тој период, одделот располагал со 1 амбуланта и 1 итна мала сала која што ја користеле сите хируршки гранки, 6 болнички соби со вкупно 18 болнички кревети. 1962 год. за раководител на одделот е назначен прим. д-р Андреја Мишковски(deceased). 
 
 
 
 
Клиниката за Пластична и Реконструктивна хирургија се вработени:
1971 год. д-р Ласте Бошковски(deceased),
1972 год. прим. д-р Лилјана Гоговска-Дамеска,(пензија) 
1975 год. д-р Мирјана Иванова-Мишковска,(пензија)
1983 год. Проф. д-р Ѓорге Џокиќ, 
1985 год. д-р Огнен Даскалов ( од 2006 годаботи во “Ремедика”), 
1990 год. Проф. д-р сци. мед. Смиља Туџарова-Ѓоргова, 
1994 год. М-р. сци д-р Елизабета Жоговска, 
1996 год. асс. д-р Боро Џонов, 
1997 год. М-р. сци д-р Илија Мостров (од 2011-работи во “Систина”), 
2000 год. прим. д-р Лазо Новески,
2001 год. асс. д-р Јасмина Ѓоргиевска ,
2001 год. асс. д-р Маргарита Пенева,
2001 год. асс. д-р Виктор Тренчев, 
2002 год. асс. д-р Андријана Нацеска, 
2004 год. асс. д-р Артан Дика,
2006 год. асс. д-р Игор Пеев, 
2007 год. асс. д-р Софија Пејкова,
2008 год. д-р. Идриз Орана
2010 год. д-р. Марија Милошевска
2011 год. д-р. Хистина Брешковска
2011 год. д-р. Јилдиз Тахири  
 
Денес, Клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија располага со 2 амбуланти, 2 асептични сали, оперативен блок кој го сочинуваат 2 оперативни сали. 
 
Клиниката располага со 9 болнички соби со вкупно 34 болнички кревети. Докторати како дел од академското надградување:
Проф. д-р Даница Мирчевска  1979 год. “Хируршко лекување и проблеми на реконструкција на краниум” 
Проф. д-р Ѓорѓе Џокиќ, 1999 год. “Реинервација на кожни трансплантати на екстремитети” 
Доц .д-р сци. д-р Смиља Туџарова-Ѓоргова, 2008 год. “Предността на комбинираниот темпорален галеа лифтинг на веѓите и блефаропластика, во споредба со блефаропластика”, 
Mагистериум на прим. д-р Лазе Новески (2006 год.).
 
Во периодот од формирањето на Клиниката, па се до денес, постигнати се значајни резултати во лекување на болните. Основите на естетската хирургија ги има поставено Прим.д-р. Андреа Мишковски. Значајно место завземаат поголемите стручни дострели на вработените: прва реплантација на нога ја има извршено  Прим.  д-р. Андреа Мишковски со својот тим на просторите на поранешна Југославија. Понатамошните текови на микрохирургијата беа одбележани и со репланатација на прсти како и реплантација на подлактица, извршена од страна на д-р Ласте. Бошковски и д-р Љилјана Дамеска. 
 
Во 1998 год. е направена првата реконструкција на дојка со сопствено ткиво, ЛАТ - резен од грб , ТРАМП - резен од стомак, од страна на д-р Смиља Туџарова- Ѓоргова, за коешто истата во 2008 год доби признание од USA-амбасадата во Скопје.
 
Денес на нашата Клиника се изведуваат многубројни оперативни зафати, од згрижување на повреди на екстремитети, бенигни и малигни тумори на кожа и меки ткива, решавање на вродени аномалии, дефекти како последица на повреди, долго лежење и претходни операции , како и естетска хирургија. Развојот на Клиниката продолжува и понатаму во сите правци: кадровска екипираност, просторно проширување  како и развој на првата  хипербарна комора во Р. Македонија. 
 

Контакт

map бул. "Мајка Тереза" бр.17 1000, Скопје Република Македонија

map ++ 389 2 321  1427    ++ 389 2 314 7247

map Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.