http://www.zoofirma.ru/
ХИПЕРБАРНА КИСЛОРОДНА ТЕРАПИЈА
 
Хипербарната кислородна терапија (ХКТ) подразбира употреба на 100% кислород под зголемен притисок од повеќе атмосфери (бари) за медицинско – терапевтски цели. Употребата на ХКТ е насочена во третман на многу состојби, а се базира на неколку терапевстки принципи:
  1. Третман на декомпресиона болест кај нуркачи и пилоти и при појава на воздушна емболија,
  2. Во состојби каде е потребно да се зголеми парцијалниот притисок на кислородот во крвта, а со тоа и во телесните ткива. Тоа се постигнува со самото дишење на чист килород под притисок,
  3. Со зголемување на процентот на кислород што е вдишан, се менува и кривата на сатурација на хемоглобинот во крвта и истиот ослободува многу слободен кислород во плазмата. На тој начин, кислородот слободно дифузира во ткивата и тоа во многу повисоки вредности и во случаи на намалени вредности на хемоглобин (состојба на анемија).
Со зголемување на процентот на кислород во ткивата, се забрзува метаболизмот на ткивата и нутритивната измена, што има краен ефект побрзо заздравување на раните. Ова особено се однесува за разни инфекции, дијабетесни состојби и рани со анаеробни бактерии, каде и покрај тесните крвни садови (како последица на шеќерната болест), големи количини на слободен кислород доаѓаат до местото на инфекцијата и ги убива анаеробните бактерии.
 

Каде се користи ХКТ?

  1. ХКТ се користи во следниве патолошки состојби:
  2. Воздушна и дас емболија
  3. Тровање со јаглерод моноксид
  4. Клостридијален миозит и мионекроза (Гас гангрена)
  5. Декомпресиона болест
  6. Забрзување на заздравувањето кај раните, посебно при загадени, инфицирани рани, рани од гризнување, рани кај болни од дијабетес, дијабетични стапала и сл.
  7. Тешка анемија
  8. Некротизирачки мекоткивни инфекции (некротизирачки фасциит)
  9. Остеомиелит (инфекција на коски)
  10. Радијациони повреди
  11. Термални изгореници
  12. При оперативни процедури со резени и кожни трансплантати и др.
Во поново време оваа терапија се користи и за прочистување на крвните садови од атеросклеротични плаки, како и за подмладување на кожата.
 

Како се користи? 

 
ХКТ се спроведува во хипербарна комора. Тоа е херметички затворена метална соба, во која притисокот се зголемува до 6 атмосфери. Внатре, на пациентите им се даваат кислородни маски преку кои тие вдишуваат високо - процентен кислород. Лекарот одредува колку процедури (т.н. нуркања) ви се потребни, колку би траела една од нив и колкав би бил процентот на вдишан кислород, зависно од индикацијата односно болеста која се лекува . Во нашата баро комора може истовремено да се третираат околу 20 пациенти. Процедурата е безболна. За некои состојби се потребни и до 40 нуркања. Постојат апсолутни и релативни контраикдикации за употреба на ХКТ. Како и било која интервенција, и овде, можни се компликации од која најопасна е руптура (пукање) на ушното тапанче.
 

Индикации (апсолутни и релативни) и контраиндикации за терапијата со хипербарен кислород

 
1) Сигурни индикации (прифатени состојби, апсолутни индикации):
  • Дијабетички исхемиски улкуси, улкуси при венска стаза, декубитални улкуси, улкуси при артериска инсуфициенција
  • Анемии
  • Гасна гангрена
  • Инфекции со анаероби или мешани инфекции
  • Некротизирачки инфекции на меки ткива
  • Некротизирачки фасциит, неклостридијални мионекрози
  • Радијациони некрози
  • Незараснувачки рани од разна етиологија
  • Остеомиелитис
  • Анаеробни инфекции отпорни на антибиотици, Актиномикоза
  • Кожни трансплантати (графтови)
  • Микроваскуларни слободни резени
  • Каснувања од животни и поедини врсти на пајаци
  • Акутна гасна емболија
  • Труење со јаглен – моноксид, инхалација на дим, труење со цијанид
  • Краш – повреди, компартмент синдром, други акутни трауматски исхемии
  • Декомпресиска (кесонска) болест
2) Препорачани состојби (каде ХБОТ е корисна како адјувантна терапија, релативни индикации)
  • Труење со карбон – тетрахлор
  • Труење водороден – сулфид
  • Цереброваскуларен тромботичен или емболиски инфаркт
  • Церебрален едем
  • Резистентни микози: Mucormycosis, Canibolus Coronato, Aspergillosis - Pyoderma Gangrenosum
  • Заздравување на фрактури и коскени графтови
  • Акутна инсуфициенција на централна артерија на ретина
  • Криза кај српеста анемија
  • Акутна повреда на рбетен мозок
 Несакани дејства и контраиндикации:
  1. Баротраума на средно уво и синус
  2. Транзиторна миопија
  3. Влошување на кардиомиопатија
  4. Белодробна баротраума
  5. Конвулзии

Останати контраиндикации: операција на слушно тапанче, операција на граден кош, вирусни инфекции, висока телесна температура, катаракта, конгенитална сфероцитоза, клаустрофобија, синдром на панични атаки, употреба на некои лекови како доксорубицин, цисплатин и дисулфирам.

 

Контакт

map бул. "Мајка Тереза" бр.17 1000, Скопје Република Македонија

map ++ 389 2 321  1427    ++ 389 2 314 7247

map Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.