Тимот на Универзитетската Клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија е составен од високо специјлизиран кадар кој е обучен за третман на сите болести и состојби кој влегуваат во спектарот на пластичната, реконструктивна и естетска хирургија.
На нашата клиника освен елективни хируршки интервенции се изведуваат и интервенции за акутно згрижување на повреди на шака и термички повреди што се обезбедува со 24 часовна достапност на нашиот тим од лекари и медицински персонал.
На Универзитетската Клиника за Пластична и Реконстуктивна хирургија освен хируршка дејност се обавува и наставно-научна дејност на Медицинскиот факултет, при Универзитетот Св.Кирил и Методиј Скопје.