На Универзитеската Kлиника за Пластична и Реконструктивна хирургија во тек се различни проекти со клинички и експериментални истражувања .

Клинички истражувања во склоп на докторски тези кои се во изработка на нашата клиника:

Ас. Д-р Софија Пејкова

"Молекуларно - Генетски маркери за прогресија на метастатскиот малиген меланом на кожата"

 

Ас. Д-р Игор Пеев 

"Компарација на две хирушки техники при оперативен третман на липоми: Липосукција наспроти класична хируршка интервенција"

 

Ас. Д-р Маргарита Пенева MSc.

"Споредбена анализа на кожни резови направени со хирушки скалпел наспроти електрохирушки кожни резови во предел на лицевата регија: Проспективно рандомизирано клиничко испитување"

 

Ас. Д-р Марија Милошевска - Мијалковска

"Компаративна анализа на реконструктивни техники, кожни трансплантати и резанки, применети за затворање на дефекти, по отстранување на немеланомски кожни карциноми во пределот на носот"

 

Ас. Д-р Христина Брешковска

"Евалуација на ефектот на Хипербарната оксигено терапија врз заздравувањето на хронични и хипоксични рани и врз хроничната инфламација"

 

Амбуланта

КОНТАКТ: Тел. 02/3147 229

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00