Денес го славиме денот на сите нас – медицинските сестри и техничари.
Денес го славиме денот на сите нас – медицинските сестри и техничари.
Го славиме повикот што не познава работно време, умор или повлекување пред предизвикот.
Го славиме секој допир со пациент, секој момент на грижа, солза, храброст и знаење што го вложуваме во нашата работа.
Денес не славиме само професија.
Славиме избор на срцето, призив што значи грижа, поддршка, тишина во болката и светлина во мракот.
Славиме што сме медицински сестри – лице кое пациентот прво го гледа кога му е најтешко и последно што останува кога сите заминуваат.
На сите што ја живеат оваа улога со љубов, достоинство и посветеност –
Среќен 12 Мај!!!!
На Клиника за Пластична Хирургија се доделија Благодарници на сите Медицински Сестри по повод интернационалниот ден на медицинските сестри.


