МИСИЈА

 

ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија е терциерна здравствена установа од областа на пластична и реконструктивна хирургија. Како дел од овој високодиференциран здравствен систем нашата мисија е да обезбедиме професионална грижа и третман на нашите пациенти следејќи ги светските трендови од областа на пластична и реконструктивна хирургија. Универзитетската клиника за пластична и реконстуктивна хирургија покрај здравствени услуги од терциерно ниво спроведува и специјалистичко-консултативна здравствена заштита на секундарно ниво за видовите здравствена дејност за кои врши болничка здравствена дејност. На универзитетската клиника за пластична и реконстуктивна хирургија освен хируршка дејност се обавува и наставно-научна дејност на Медицинскиот факултет , Универзитет Св.Кирил и Методиј Скопје, Катедра по хирургија. Во рамките на образовната дејност Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија спроведува Програма за стручно оспособување и усовршување на здравствените работници во интерес и за потребите на клиниката , а со цел унапредување на здравствената дејност.

 

ВИЗИЈА

 

Нашата визија е континуиран развој и инвестиции во едукација на кадри и научно-истражувачка дејност, со цел примена на последни достигнувања во овој домен, унапредување на нивото на квалитет и методите во третирање на состојбите во пластичната и реконструктивна хирургија.

Nice Social Bookmark