На Универзитеската Kлиника за Пластична и Реконструктивна хирургија во тек се различни проекти со клинички и експериментални истражувања .
Клинички истражувања во склоп на докторски тези кои се во изработка на нашата клиника:
Ас. Д-р Софија Пејкова
"Молекуларно - Генетски маркери за прогресија на метастатскиот малиген меланом на кожата"
Ас. Д-р Игор Пеев
"Компарација на две хирушки техники при оперативен третман на липоми: Липосукција наспроти класична хируршка интервенција"
Ас. Д-р Маргарита Пенева MSc.
"Споредбена анализа на кожни резови направени со хирушки скалпел наспроти електрохирушки кожни резови во предел на лицевата регија: Проспективно рандомизирано клиничко испитување"
Ас. Д-р Марија Милошевска - Мијалковска
"Компаративна анализа на реконструктивни техники, кожни трансплантати и резанки, применети за затворање на дефекти, по отстранување на немеланомски кожни карциноми во пределот на носот"
Ас. Д-р Христина Брешковска
"Евалуација на ефектот на Хипербарната оксигено терапија врз заздравувањето на хронични и хипоксични рани и врз хроничната инфламација"