Фондација Заев -" Едно општество за сите" донира хируршки микроскоп на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија

Клиниката за пластична и рекоструктивна хирургија доби алатка од исклучителна важност за развој на микрохиругијата – микроскоп, од Фондацијата Заев (Линк).

Објава од Министерство за Здравство на Република Северна Македонија (превземена)(Видео)

 

1st International Conference on Phantom Limb Pain - ICPLP2021, Гетеборг, Шведска

На ICPLP2021, колегите Доц.д-р Софија Пејкова, д-р Гордана Георгиева, д-р Бисера Николовска, д-р Благоја Србов од нашата клиника имаа презентација на тема Correlation between neuromas and phantom limb pain after traumatic hand amputation изработена во соработка со Prof. Dr. O. Aszmann од Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија, Медицински универзитет Виена.

Меланом

Бројни се факторите кои може да влијаат врз развој на еден од најмалигните карциноми на телото - меланомот. (Видео)

Голем предизвик КОВИД-19

Голем предизвик беше за нас, персоналот на ЈЗУ УК за Пластична и реконструктивна хирургија да станеме дел од здравствениот систем кој што лекува пациенти со КОВИД-19.

Доктор Георгиева: Од експлозија на петарда во дланка доаѓа до ампутација на рака

Доктор Георгиева: Од експлозија на петарда во дланка доаѓа до ампутација на рака. Над 80 проценти од повредените од пиротехнички средства се малолетни лица, велат статистиките на Клиниката за пластична хирургија повеќе на ЛИНК.

Соработката со Prof.Dr.Oskar Aszmann од AKH

Соработката со Prof.Dr.Oskar Aszmann од AKH, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна, Медицински универзитет Виена, Австрија продолжува. Неговата експертизa и искуство се од особено значење за нашата клиника.

 

После неколку децении просториите на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се целосно реновирани

После неколку децении просториите на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се целосно реновирани, а комплетно е обновен хируршкиот инструментариум, како и дел од опремата.

д-р Јасмина Ѓоргиевска - Павловска во Кавадарци одржа предавање за предностите на раната детекција и третман на меланомот

д-р Јасмина Ѓоргиевска - Павловска од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, денес во Кавадарци одржа предавање за предностите на раната детекција и третман на меланомот.

Д-р Софија Пејкова гостин во Студио 1

Д-р Софија Пејкова од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија беше гостин во Студио 1 и зборуваше за опасноста и потребата од рана детекција и третман на меланомот на кожата.

Д-р Бисера Николовска гостин во утринската програма на Сител телевизија

Д-р Бисера Николовска од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија гостин во утринската програма на Сител телевизија. Таа ја објасни важноста на превенцијата, раното откривање и хируршкиот третман на меланомот на кожата.

 

Во склоп на кампањата за подигање на јавната свест за превенирање, рано детектирање и третман на ракот на кожата и меланомот денес во Гевгелија

Во склоп на кампањата за подигање на јавната свест за превенирање, рано детектирање и третман на ракот на кожата и меланомот денес во Гевгелија, д-р Јасмина Ѓоргиевска - Павловска и д-р Благоја Србов од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија одржаа предавања.
Им благодариме на сите присутни и на директорот Општата болница во Гевгелија и д-р Митко Кржев за подршката и соработката.

 

Пофалницата за најхумана сестра од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во вистински раце

Пофалницата за најхумана сестра од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во вистински раце. Нашата почитувана Анита Петрушевска дипломирана медицинска сестра - инструментарка е голем професионалец и претставува пример како со работа, посветеност и дисциплина може да се воспостави еден систем на вредности кој функционира беспрекорно.
Честитки од се’ срце!!!

Во склоп на кампањата за подигање на јавната свест за превенирање, рано детектирање и третман на ракот на кожата и меланомот

Во склоп на кампањата за подигање на јавната свест за превенирање, рано детектирање и третман на ракот на кожата и меланомот денес во Струмица за граѓаните од овој град, лекари од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија одржаа предавања.Им благодариме на сите присутни и на колегите од хируршкото одделение при Општата болница во Струмица и д-р Biljana Ahtarova дерматолог од Струмица за подршката и соработката.

 

Учество на XI национална конференција за рак на дојка, огранизирано од здружението БОРКА

На XI национална конференција за рак на дојка, огранизирано од здружението БОРКА ги презентиравме можностите за РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОЈКА ПО МАСТЕКТОМИЈА преку приказ на случаи со различни техники на реконструкција на дојка направени од нашиот тим на хирурзи. Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е секогаш отворена за консултација со пациентите и за избор на најсоодветниот треман за нив.

 

borka 1borka 2

Едукативно предавање за реконструктивните процедури кај дојки по мастектомија

Здружението "БОРКА - за секој нов ден" во соработка со ЈЗУ Универзитетска Клиника за Пластична и реконструктивна хирургија - Скопје организира едукативно предавање за реконструктивните процедури кај дојки по мастектомија. Предавањето ќе се одржи на 30.05.2018, среда, со почеток во 18:00 часот, во просториите на БОРКА во Кисела Вода (Дисконт Тинекс).

Nice Social Bookmark

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00

 

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Амбуланта

 

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)