
Благодарност за придонес во справување со пандемијата од Ковид - 19
Голем предизвик беше за нас, персоналот на Универзитетската Клиника за Пластична и реконструктивна хирургија да станеме дел од здравствениот систем кој што лекува пациенти со КОВИД-19. Оваа пандемија само потврди дека пред се, ние сме лекари, медицински сестри, здравствен персонал кој водејќи се од хуманоста покажа посветеност во тешки и сложени моменти за сите нас. Ние секогаш делувавме како тим, со посветена работа и професионализам доследно ја следиме нашата Хипократова заклетва.