
Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија доби донација Aпарат за ултразвучна липосукција, аспиратор и преносно ЕКГ со принтер од Д-р Маја Петаноска. Со оваа донација се овозможуваат услови за воведување на нова метода од областа на липосукција. Благодарност до Д-р Маја Петаноска за несебичната поддршка и посветеноста на нашата клиника во однос на следењето на трендовите во третманот од полето на пластичната хиругија.