
Во рамките на академските свечености по повод одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и одбележувањето на Денот на светите Кирил и Методиј- патрониот ден, во аулата на Ректоратот Проф. д-р Оскар Азман беше промовиран во звањето почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во знак на признание за придонесот во развојот на македонската пластична и реконструктивна хирургија, достигнувањата во наставно-едукативната, научноистражувачката и стручно-апликативната дејност, како и за афирмацијата на Универзитетот и на Република Северна Македонија во меѓународното опкружување.