Универзитетска Клиника за Пластична и Реконструктивна Хирургија е првата хируршка клиника која се здоби со акредитација во траење од 3 години. Акредитацијата претставува еден комплексен процес и многу значаен за унапредување на квалитетот на здравствените услуги и безбедноста на пациентите на нашата клиника. Успешниот процес е благодарение на тимската работа помеѓу Координаторот на процесот за акредитација Ас. Д-р Благоја Србов и Тим лидерите на:

1. Управување и раководење - Доц. Д-р Софија Пејкова

2. Човечки ресурси - Дипл. правник Елизабета Станковска

3. Управување со информации - Раководител финансиска служба Мирјана Наумовска

4. Управување со ризик и безбедност на пациенти - главна мед. Сестра Ивана Драгевска

5. Лекување на пациенти - Ас. Д-р Гордана Георгиева

6. Специфични клинички услуги : Операциона сала - одговорна мед. сестра на операциона сала Анита Петрушевска

Особена благодарност до технички секретар Катерина С. Атанасовска и м.с Ивана Стојановска за целокупната поддршка во процесот на акредитација. ,,Акредитацијата претставува многу значаен сегмент во фунционирањето на здравствените установи за постојано унапредување на здравствените услуги и квалитетот што ние како здравствена установа го испорачуваме кон нашите пациенти.

Овој процес е само потврда дека тимската работа, посветеноста и истрајноста носат успеси.,, - Доц. Д-р Софија Пејкова 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Nice Social Bookmark

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00

 

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Амбуланта

 

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)