Ни беше огромна чест и привилегија да го пречекаме проф. Миломир Нинковиќ, светски познат експерт за реконструктивна микрохирургија. Тој одржа предавање како визитинг предавач на специјализантите на нашата Универзитетска Клиника за Пластична Хирургија, како и студентите на Медицинскиот Факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Проф. Нинковиќ великодушно го сподели своето знаење и непроценливо искуство со нас, подобрувајќи и проширувајки го нашето гледиште во областа на пластична и реконструктивна хирургија.

Неговата област на интерес вклучува хирургија на шака, реконструктивна хирургија на глава и врат, и микрохирургија. Добитник е на Godina traveling fellow од American Society of Reconstructive Microsurgery и го има одржано познатото предавање Gillius Lecture пред британскиот конгрес. Тој е visiting professor на повеќе европски и американски универзитети, вклучувајќи ги и Yale University и Georgetown University во Вашингтон. Професор Нинковиќ е иноватор на низа реконструктивни техники на главата и вратот, а неговиот најзначаен успех е првата успешна трансплантација на подлактица со шака од кадавер. Неговиот придонес во областа на пластичната и реконструктивната хирургија го прави еден од најважните стручњаци во светот. Многу сме среќни и благодарни што имаме соработник како проф. Нинковиќ.  

Nice Social Bookmark

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00

 

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Амбуланта

 

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)