Успешно преставување на нашата клиника со презентации на нашите искуства од страна на Доц. д-р Софија Пејкова и ас. д-р Гордана Георгиева кои беа поканети предавачи на 10-тиот Конгрес на Српската неврохируршка асоцијација и на одбележување на 100 години неврохирургија во Србија. На конгресот предаваа и д-р Благоја Србов и д-р Софија Тушева. Огромен импакт оставија и презентациите на нашите медицински сестри Ивана Драгевска, Анита Петрушевска, Софија Тодоровска, Даниел Стојановиќ и Аида Садиковиќ. Конгресот беше беспрекорно организиран, и упатуваме срдечна благодарност до проф. д-р Лукас Расулиќ за неговата топла покана и посветеност и совршена организација на конгресот. Дисксусиите со еминентни експерти од областа на хирургијата на периферни нерви, споделувањето на знаења и искуства на едни со други беа од огромно значење. Инспирирани сме да ја посветено продолжиме нашата работа придонесувајќи за напредокот на хирургијата на периферните нерви во нашата држава и да ги овозможиме најсовремените третмани за пациентите. На овој конгрес Доц. д-р Софија Пејкова имаше обраќање за “Патот на Жените во хирургија: Редефинирање на патеките и поместување на лимитите“. Ја изразуваме нашата искрена благодарност до Проф.д-р Лукас Расулиќ за извонредната организација на конгресот. Ваквите собири се клучни не само за прикажување и дебатирање за нашите професионални достигнувања, туку и за отпочнување на нови професионални соработки.
“Ги охрабрувам сите мои колеги, особено жените во хирургија, да го одржат нашиот динамичен напредок. Инспирирајќи се од романот „The Prosector“ на проф. Lee Dellon , да продолжиме да бидеме љубопитни, решителни и да соработуваме во нашата заедничка потрага по брилијантност” - истакна д-р Пејкова.