Prof.Dr.Oskar Aszmann од Медицинскиот универзитет во Виена кој е почесен професор на нашиот Универзитет Св. Кирил и Методиј, одржа предавање за студенти на Медицинскиот факултет како и мотивационо предавање на првиот национален симпозиум на млади лекари и специјализанти.

Имавме чест Prof.Dr.Oskar Aszmann да e во нашата клиника оваа недела.

Неговата посветеност за едукација и споделување на искуства беше присутна во предавањето наменето за студентите, дискусиите со специјализантите по пластична хирургија како и размената на искуства со нашите колеги, особено во пристапот за третман на комплексни случаи. Посветеноста на проф. д-р Азман за едукација на идната генерација на професионалци, со фокус и на студентите и на специјализантите, е навистина инспиративна. Овие можности не потсетуваат на огромното влијание што посветените едукатори го имаат врз развојот на идните професионалци во нашата област.

Неговото мотивациско предавање го означи почетокот на неверојатната хируршка сесија на Симпозиумот на специјализанти, потенцирајќи дека токму специјализантите се наша инспирација и за поставување на високи стандарди за професионалниот развој во нашата област.  

 

Nice Social Bookmark

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00

 

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Амбуланта

 

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)