На првиот национален симпозиум на млади лекари, вредниот тим на Универзитетската Клиника за Пластична и реконструктивна хирургија преку нивните презентации прикажаа дел од нашето работно секојдневние, како и новите достигнувања на нашата клиника.

Доц. д-р Софија Пејкова и ас. д-р Гордана Георгиева на хируршката сесија имаа инспиративни предавања каде што резултатите зборуваа сами по себе. Нашите специјализанти се претставија со голем ентузијазам, започнувајќи со оралната презентација на д-р Андријана Трајкова, под менторство на науч. сор.д-р Игор Пеев, со орална постер презентација се претставија:

-д-р Дарко Алексовски под менторство на проф. д-р Елизабета Жоговска-Мирчевска,

-д-р Благоја Србов и д-р Сара Хаџитрифон под менторство на проф. д-р Боро Џонов,

- д-р Софија Тушева и д-р Стефаниа Азманова Младеновска под менторство на доц. д-р Софија Пејкова,

- д-р Тамара Ѓорѓевска под менторство на науч. сор. д-р Маргарите Пенева,

-д-р Ермира Хамзаи, д-р Бети Миовска и д-р Ѓорѓи Ставриќ под менторство на ас. д-р Ѓорѓеска.

Благодарност до ЗЛС - Здружението на лекари и специјализанти за организацијата на првиот национален симпозиум на млади лекари и што се погрижија се да помине во најдобар ред. Секој постер и презентација претставува едно платно кое сведочи за посветеноста, пожртвуваноста и трудот што е вложен. Амбициозноста и упорноста на нашите специјализанти е инспирација за сите нас, за континуирана посветеност и вложување во нив, а со мудроста и искуството на нашите ментори и специјалисти се стремиме кон заеднички успеси кои со нетрпение ги очекуваме.  

 

 

 

Nice Social Bookmark

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00

 

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Амбуланта

 

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)