Минатата недела тим од лекари и специјализанти активно присуствувше на 28 -от Заеднички Конгрес на Грчката Асоцијација за хирургија на шака и горен екстремитет како и Грчката асоцијација за реконструктивна микрохирургија. Ни беше огромна чест да ги споделиме нашите најнови искуства во областа пластичната и реконструктивна хирургија преку предавања и орални презентации. На конгресот предаваше доц. д-р Пејкова, во сесија заедно со експерти како, H. Giele од Универзитетот Oxford, E. Lykoudis, професор на UOI и N. Papadopoulos, професор од Универзитетот Alexandroupoli. Предавањето кое што доц. д-р Пејкова го одржа беше за комплексни повреди на горен екстемитет, а случаевите сами по себе сведочат за чудата кои се случуваат во склоп на реконструктивната микрохирургија. Посебно признание до нашите специјализанти: д-р Рената Кочоска, д-р Сара Хаџитрифон, д-р Софија Тушева и д-р Дарко Алексовски кои презентираа навистина извонредни презентации. Нивната напорна работа и посветеност се инспирација за сите нас. Срдечни честитки до д-р Софија Тушева за добивање на наградата за најдобра презентација од категоријата на специјализанти. Голема благодарност до организаторите, особено д-р Спирос Ставријанос, за нивната гостопримливост, исклучителна организација на Конгресот и фантастична програма во која беа покриени сите области од пластичната и реконструктивна хирургија. Конгресот не беше само можност за учење и споделување, туку и шанса за поврзување со колеги и експерти од нашите области. Очекуваме уште повеќе вакви научни собири каде ќе може да продолжиме да учиме, и да придонесуваме во постојано развивање на хирургијата на шака и реконструктивната хирургија.  

 

 

 

 

 

 

 

Nice Social Bookmark

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00

 

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Амбуланта

 

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)