Универзитетската клиника за пластична хирургија, во соработка со Министерството за внатрешни работи, колегите од градовите ширум земјата и средните училишта, спроведоа кампања за подигање на свеста кај средношколците за опасностите од употребата на петарди. Оваа заедничка кампања има единствена цел, да ги спречи комплексните повреди што може да ги предизвикаат петардите, особено фокусирајќи се на ризикот од траен инвалидитет. Основната порака на кампањата е јасна: „ПЕТАРДИ НЕ, БЕЗБЕДНОСТ ПРЕД СЕ“. Во тек на кампањата имавме можност преку презентација на сериозните компликации што можат да настанат од користење на петарди и директно комуницираме и дискутираме со нашите средношколци. Преку предавањата ја истакнавме комплексната анатомска структура на шака и нејзината софистицирана функционалност , наглаувајчи дека побредите од петардите може да бидат причина за трен инвалидитет. Клучен аспект на оваа иницијатива е вклученоста на Министерството за внатрешни работи. Нивното учество даде една комплетна целина бидејќи тие сите ученици ги запознаа за правните импликации од употребата на петарди. Успехот на кампањата се потпира на колективниот напор на сите вклучени страни. „Само заедно можеме да обезбедиме година без повреди од петарди“, потенцира д-р Пејкова и упати срдечна благодарност до сите колеги, Министерството за внатрешни работи и средните училишта за нивната непоколеблива поддршка и соработка. „Да размениме топли зборови и искрени мисли наместо експлозии на петарди“, порачува д-р Пејкова, и новогодишните празници да ни бидат исполнети со радост, а не со повреди. Целото интервју може да го проследите на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?feature=shared&v=UWfobz2qi9k  

 

Tags: Петарди не – безбедност пред сè

Nice Social Bookmark

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00

 

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Амбуланта

 

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)