Трибина „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином – ракот на кожата“
Трибина „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином – ракот на кожата“ и истакнав дека работиме на проширување на листата на лекови на товар на Фондот, како и со лекови за карциноми во кои спаѓаат и кожните, а до есен ќе се знае како ќе се прошири листата и со кои лекови. За жал, не само во светски рамки, туку и во Република Македонија се бележи растечки тренд на бројот на заболени лица
Како Министерство за здравство сметаме дека е од особено значење одржувањето на вакви трибини, со цел подигнување на свесноста, како и сеопфатен пристап во третманот на ова заболување, со посебен фокус на превенцијата, навремената дијагностика, како и овозможување подобар квалитет на животот на овие лица.
Минатата година, во нашата држава беа евидентирани вкупно 645 пациенти со малиген меланом, додека во 2016 година се евидентирани вкупно 611 пациенти. Само за пример, од почетокот на 2018 година, до денес веќе има 460 пациенти со малиген меланом. Превенцијата од УВ зрачење, вклучувајќи редовно користење креми за сончање е докажано дека ја намалува појавата на примарен меланом и карциноми на кожата.Со денешниот настан, верувам дека заеднички ќе придонесеме за поголема свесност, превенција и навремено откривање на ракот на кожа.
Министер за здравство на Република Македонија
Доц. Д-р. Венко Филипче