Едукативно предавање за реконструктивните процедури кај дојки по мастектомија

 Предавањата ќе бидат одржани од страна на Ас. д-р Софија Пејкова и Доц. д-р Боро Џонов. Една од можните последици во текот на лекувањето на ракот на дојка е загубата на дојката. Оваа состојба има негативно психичко влијание кај многу жени, но постои можност за естетски третман по хируршката интервенција на дојката - реконструкција по мастектомија. Постојат повеќе избори кога станува збор за реконструкција на дојка. Најверојатно најважното прашање кое треба да се постави е: Дали реконструкцијата на дојка е правиот избор за Вас? За многу жени кои го победиле ракот на дојка одговорот е ДА. После колку време по интервенцијата најрано може да се направи реконструкција? Кои се можните компликации и ризици за секој тип интервенција за реконструкција на дојките? Дали реконструкцијата на дојки може да биде истовремено со третманот на карциномот? Дали реконструкцијата по мастектомија е бесплатна во Македонија? На овие и на сите Ваши прашања че одговорат докторите Ас. д-р Софија Пејкова и Доц. д-р Боро Џонов.

Амбуланта

КОНТАКТ: Тел. 02/3147 229

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00