Соработката со Prof.Dr.Oskar Aszmann од AKH, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Медицински универзитет Виена, Австрија продолжува

Соработката со Prof.Dr.Oskar Aszmann од AKH, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Медицински универзитет Виена продолжува. Професорот е визитинг професор на Медицинскиот факултет Скопје, и континуирано преку своите искуства и предвања учествува во едукацијата на студентите и специјализантите од нашиот факултет. Prof.Oskar Aszmann во текот на овој престој заедно со тимот на хирурзи од Универзитетската клиника за пластична хирургија и реконструктивна хирургија направи микрохируршка операција за реконструкција на нерви кај пациент повреден пред неколку месеци. Исто така одржа и предавање на тема „Принципи на реконстрункција на периферни нерви”.Неговата експертиза и искуство се од особено значење за нашата клиника во однос на консултација за третман на комплексни случаи како и едукација на нашиот кадар.klinika 2klinika 3klinika 4

 

Nice Social Bookmark

Амбуланта

 

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00