COVID-19 предупредување

Д-р Софија Пејкова гостин во Студио 1

Д-р Софија Пејкова од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија беше гостин во Студио 1 и зборуваше за опасноста и потребата од рана детекција и третман на меланомот на кожата.
Во рамки на овој месец, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија учествува во светската кампања за рана детекција и превенирање на ракот на кожата. Кампањата ја започнавме на скопскиот маратон и директно влучени во третманот, сакаме да им пренесеме на граѓаните дека сонцето не е опасно доколку правилно се изложуваме на неко и дека е неопходно за многу процеси во нашето тело.
Од анализата што ја направивме, кај нас, дознавме дека најмногу заболени се од регионите каде луѓето се занимаваат со земјоделство, односно каде има директна и долготрајна изложеност на сонце. За таа цел во текот на месец мај лекарите од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија ќе одржат едукативни предавања во повеќе градови од нашата држава.

Амбуланта

КОНТАКТ: Тел. 02/3147 229

РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 - 15:00

(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)

Стационар

Контакт: тел. 02/3147 042

Работно време: 24 часа

Хипербарна комора

Контакт: Тел. 070 215 423

Работно Време: 09:00 - 16:00