После неколку децении просториите на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се целосно реновирани
Со тоа на пациентите им овозможуваме врвна медицинска услуга, следејќи ги најновите светски стандарди во современата пластична и реконструктивна хирургија
Се трудиме да обезбедиме најсовремени здравствени услуги коишто се достапни за сите граѓани. Заедно со Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë посветено креираме модели коишто ќе обезбедат одржлив јавен здравствен систем. Зачувувањето и заштитата на здравјето на нашите граѓани, за нас како општество коешто се стреми кон одржлив развој, се врвен приоритет.