Соби за пациенти
Сите соби се климатизирани
Со телевизор
Максимум 6 кревети
Соби со 2 кревети
Специјална соба со 1 кревет туш и тоалет
Хипербарната оксигено терапија претставува адјувантна тераписка метода при која пациентите дишат 100% кислород под зголемен притисок поголем од атмосферскиот. Со оваа терапија се лекуваат пациенти со: бавно зараснувачки рани со различна етиологија, пациенти со дијабетични рани, остеомиелит,изгореници, оклузија на ретинална артерија,акутна глувост како и спортски повреди, припрема на спортисти и во естетски цели. Терапијата се одвива во Хипербарна комора во која пациентите дишат 100% кислород преку ороназална маска и претствува безбедна терапија која на клиниката успешно се спроведува од 2009 година.
Ако имате закажан термин на нашата Клиника, Ве молиме да дојдете половина час порано за да се најавите на шалтерот за прием и за да ја регулирате потребната документација.
Ако за прв пат доаѓате во Нашата амбуланта, потребно е да ги донесете сите предходни испитувања што сте ги направиле во други установи.
Ако доаѓате на контролен преглед потребно е да ги донесете сите предходни извештаи од Вашиот доктор.
Докторот може да го продолжи времето на преглед во интерес на пациентот, Ве молиме бидете трпеливи.
Ако имате закажан термин за амбулантна хирургија Ве молиме да дојдете половина час пред закажаниот термин за да се најавите на шалтерот за прием и да ја регулирате потребната документација. Понесете ги со Вас сите извештаи од предходните прегледи.
Времетраењето на интервецијата може да биде продолжено, Ве молиме бидете трепеливи.
Ако сте примени во стационар (болнички оддел)за лекување Ве молиме понесете :прибор за лична хигиена , терапија (доколку примате хронична терапија) и сите извештаи за останати заболувања(доколку ги имате).
Секогаш консултирјте се со Вашиот доктор за терапијата која ја примате, дури и за лековите кои не одат на рецепт.
Ве молиме НЕ носете во болница вредни предмети (пари, накит, мобилни телефони, компјутери) бидејки Клиниката неодговара за оштетување или загуба /кражба на истите.
Нашите хирурзи нудат широк спектар на пластични, реконструктивни и естетски хируршки процедури:
– Реконструктивна хирургија
– Онколошка хирургија
– Хирургија на мекоткивни тумори
– Васкуларни малформации
– Микроваскуларна хирургија
– Реконструктивна хирургија кај конгенитални аномалии
– Реконструктивна хирургија на дојка
– Хирургија кај повреди на шака
– Елективна хирургија на шака
– Третман на изгореници
– Третман на рани
– Естетска хирургија
– Амбулнатна хиругија
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАЦИЕНТИ
кои се закажани за елективна хируршка интервенција на ЈЗУ УК за Пластична и Реконструктивна Хирургија-Скопје
Со цел да Ве информираме и спремиме за Вашата хируршка интервенција која е закажана на нашата Клиника, направивме листа на општи предоперативни и постоперативни упатства за Вас. Ве молиме, внимателно да ги прочитате сите упатства и да се запознаете со сите информации напишани во овој документ. Сите информации усно ќе ви бидат објаснети Вам и на Вашите најблиски, а ќе добиете и копија за дома. Ќе добиете и уште еден документ во кој е објаснета хируршката интервенција.
ПРЕДОПЕРАТИВНИ НАСОКИ ЗА ПАЦИЕНТИ НА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА
• Престанете со пушење најмалку 1 месец пред операцијата и најмалку две недели постоперативно. Пушењето ја намалува циркулацијата во кожата, го забавува заздравувањето и може да доведе до постоперативни компликации.
• Прекинете го внесувањето на медикаменти кои содржат аспирин, ибупрофен, витамин Е и диететски суплементи спомнати подолу во листата најмалку 1-2 недели предоперативно и 1 недела постоперативно. Овие лекови можат да предизвикаат продолжено крварење. За сите лекови кои ги примате и со што треба да престанете да ги примате, консултурајте се со Вашиот Доктор.
• Пријавете ја секоја појава на настинка или инфекција кои се појавиле во неделата пред закажаната операција. Може да биде потребно одложување на интервенцијата за да се избегнат непотребни компликации.
• Земете ги рецептите за лекови и направете распоред на користење со цел да се избегне пропуштање на доза. Очекувајте одредена заборавеност во првите 36 часа постоперативно и за време на користење на лековите. За да се избегне гадење, земајте ги лековите два часа по земање храна. Немојте да управувате со автомобил или да пиете алкохол кога земате опиоидни медикаменти.
• Доколку имате алергија на храна или лекови, донесете соодветен медицински извештај за тоа. Вашиот Доктор може да побара од Вас да направите специфични алерголошки тестови за алергии на локални анестетици, анестетици за општа анестезија и останати лекови (антибиотици).
• Ако сте склони кон вртоглавици и кинетоза, информирајте го Вашиот Доктор. Рутински ќе ви бидат адмистрирани лекови против гадење, уште во операционата сала. Антибиотици, стероиди или лекови за болка може да бидат исто така администрирани пред да се разбудите од операција. Ако е потребно, лекови против гадење ќе ви бидат препишани и за домашна употреба.
• Констипација (запек) е нормална појава по операција. Општата анестезија го забавува гастроинтестиналниот систем и наркотичните лекови против болка ја зголемуваат шансата за констипација. Во ред е да земете некој тип на природни лаксативи или храна богата со влакна, за да ја олесните состојбата. Пијте големо количество вода и јадете добро избалансирана храна, која вклучува овошје и зеленчук во деновите пред и по операција.
• Ако сте жена во репродуктивен период, известете го Вашиот доктор ако сте бремена или ако планирате да забремените. Исто така, известете го Вашиот доктор ако примате контрацептивна терапија. Оваа терапија може да влијае на зголемена коагулација (згрутчување) на крвта. Жените може да почувствуваат промени во нивниот следен менструален циклус по операција. Може да биде послаба и пократка. Менструалната ирегуларност вообичаено трае само еден циклус.
• Организирајте возрасна личност која ќе биде присутна во вашиот дом 24 часа по отпуштање од болница. Иако секој заздравува со различна брзина и има различен лимит за болка, отоци, промена на расположение и заматеност, овие симптоми се очекувани до 1 недела по операцијата кај сите пациенти. Отоците и хематомите обично го достигнуваат врвот на 4-5 ден по операција при нормалниот процес на заздравување. Обезбедете грижа за децата доколку е потребно. Испланирајте слободни денови на работа, се додека не Ви дозволи лекарот. • Еден ден пред операцијата ќе имате преглед од страна на анестезиолог и ќе ви земат крв од вена за анализа кои се потребни за предоперативната припрема. Доколку има потреба, Вашиот Доктор или Анестезиолог може да ве упати на дополнителни предоперативни иследувања.
• Немојте да јадете или пиете 8 часа пред операција. Може да се напиете малку вода (на пример за пиење на медикаментозна терапија) до 4 часа пред операција. Консултирајте се со Вашиот Доктор за лековите кои редовно ги пиете. Не пропуштајте доза од лекот на своја рака.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ОКОЛУ ЛЕКОВИТЕ КОИ ЈА РАЗРЕДУВААТ КРВТА
Лековите кои ја разредуваат крвта можат да предизвикаат значително крварење за време на операција и по операција. Лековите кои одат на рецепта како и лековите кои ги земате на своја рака можат да имаат вакви ефекти. Ако земате некои од хербалните суплементи од листата подолу, престанете со земање 1 -2 недели пред операција. Запамтете дека ова не е целосна листа. Ако имате некои прашања, контактирајте го локалниот фармацевт. Ако ви е препишано да земате од лековите за разретчување на крвта за мозочен удар или превенција од срцев инфаркт, артритис, атријална фибрилација, вештачки валвули, длабока венска тромбоза, пријавете кај Вашиот лекар.
• Прочитајте ги упатствата на сите лекови кои ги користите. Многу од нив содржат аспирин (ацетилсалицилна киселина) и мора да биде прекината нивната администрација 7 – 14 дена пред операција.
• Листа од лекови кои треба да се прекинат со администирање 7 – 14 дена пред операција:
o Аспирин
o Варфарин
o Хепарин
o Клопидогрел
o Ибупрофен
o Напроксен
o Витамин Е
o Лук
o Гинкгко билоба
o Жен шен
Ако имате болка, главоболка, кашлица или настинка и Ви се потребни лекови за третман, земете лекови кои се на база на Парацетамол.
• Доколку е неопходно да земате лекови кои ја разредуваат крвта пред, за време на оперативниот зафат и непосредно по него, истите ќе ви бидат препишани од страна на Вашиот Доктор или од страна на специјалист трансфузиолог, интернист или невролог. Доколку лековите за разредување на крвта Ви се препишани од страна на специјалист трансфузиолог, интернист или невролог Ве молиме понесете го со Вас извештајот на кој се напишани името, дозирањето и начинот на употреба на лекот. Во периоперативниот пероид се користи нискомолекуларен хепарин во форма на инјекции кои се аплицираат подкожно со мала игла во стомакот. Лесни се за апликација и пациентите можат дома сами да ги аплицираат.
Не е дозволено апликација на овој лек 12 часа пред операција и минимум 6 часа по операција. За сите дополнителни прашања консултирајте се со Вашиот Доктор.
НА ДЕНОТ НА ОПЕРАЦИЈА
• Облечете се во широка, лесна облека и лесни обувки. Ако имате оперативна интервенција на горниот дел од телото облечете блуза со патент или копчиња. Широки пантолони со ластик се секогаш добар избор.
• Не носете шминка, накит или вредни предмети на денот на операција. Понесете лична карта и Здравствена легитимација/осигурување. Може да носите компресивни чорапи и долна облека, ако вашиот хирург одобри и не смета во оперативното поле. Отстранете ги рачниот часовник, прстените, обетките, пирсевите и сите останати додатоци. Ако носите мобилни протези или други типови на забала Ве молиме да ги извадите пред операцијата. Ако ова е оневозможено, разговарајте и информирајте го Вашиот Доктор.
• Понесете ги лековите кои редовно ги земате со Вас за верификација и одредување на доза. Ако земате терапија за дијабетес (шеќерна болест) известете го Докторот/медицинската сестра за терапијата која ја земате. Терапијата може да ви биде проментета за време на болничкиот престој. Понесете го со Вас и апаратот за мерење шеќер во крвта со цел за полесна регулација.
• Ќе биде побарано од вас да се облечете во болничка облека. Хирургот може да го обележи со фломастер оперативното поле, а анестезиологот ќе побара ваш потпис за согласност за анестезија.
• Венска линија на раката ќе биде поставена како дел од преоперативната припрема.
• Кога ќе влезете во операционата сала ќе биде побарано од Вас да легнете на оперативниот стол. Анестезиологот ќе ви даде лекови преку венски пат. Овие лекови ќе ви ја намалат анксиозноста и ќе овозможат да заборавите дека сте во операциона сала.
• Монитори и опрема ќе бидат поставени и поврзани со вас. Ова вклучува елементи за мерење притисок, пулс оксиметар на прстот, ЕКГ лепенки на градите, лепенка на ногата за каутеризација.
• Доколку операцијата се изведува во ЛОКАЛНА АНЕСТЕЗИЈА, вашиот Доктор ќе Ви аплицира локален анестетик на местото каде треба да се изврши интервенцијата. Може да осетите нелагодност за време на апликацијата на локалната анестезија. По неколку минути, местото ќе Ви биде втрнато и нема да чувствувате болка, туку само тап допир.
• Доколку операцијата се изведува во ОПШТА АНЕСТЕЗИЈА
o Ќе заспиете многу лесно. Откако ќе заспиете ќе Ви биде поставена цевка за дишење во дишникот и ќе биде отстранета пред да се разбудите. По будењето може да имате отечено и болно грло. Ако операцијата која се изведува, се очекува да трае подолго од 3 часа, може да Ви биде поставен уринарен катетер. Уринарниот катететер ќе ви биде поставен откако ќе заспиете и ќе биде отстранет пред будење. Ако останувате да преноќите во болницата, катетерот ќе биде отстранет наредното утро. Ќе можете нормално да уринирате по вадењето на катетерот.
o Ќе бидете пренесени во соба за будење на кревет, каде ќе останете наредните 1 – 1.5 час. Повеќето пациенти се комплетно будни 15-60мин по операција, но може да не се сеќаваат заради лековите. Ќе бидете отпуштени и сместени во болничката соба кога виталните параметри ќе се стабилизираат и гадењето, а крварењето и болката ќе се минимални. Медицинска сестра ќе ве надгледува повремено. Известете ја медицинската сестра доколку не се чувствувате добро.
• Вие сте одговорна возрасна личност на која ќе и бидат дадени инструкции за постоперативна нега, потребни совети и ќе Ви биде закажана контрола.
• Најважно од сè, не заборавајте да го слушате своето тело. Одморете кога сте во болка или заморени. Бидете трпеливи околу процесот на заздравување и запамтете дека може да следат добри и лоши денови.
ПОСТОПЕРАТИВНИ НАСОКИ ЗА ПАЦИЕНТИ НА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА
Секоја индивидуа заздравува и се опоравува од хируршка интевренција со различна брзина. Потребно е да бидете спремни дека треба да отсуствувате од работа, да се воздржите од физичка работа и секојдневни активности за определено време. Ова ќе осигура полесно опоравување и побрзо враќање на секојдневните обврски. Во првите 24-72 часа по операција, пожелно е да има некоја личност која што ќе се грижи за вас. За да се добијат најдобри резултати постоперативно, важно е да се придржувате до следните постоперативни насоки:
• Земете ги препишаните лекови. Толеранцијата на болка е различна за сите луѓе. Земајте ги регуларно лековите против болка. Лековите се земаат со храна, за да се спречи гадење.
• Одмарајте првите 24 часа по операцијата. Немојте да управувате со автомобил или да пиете алкохол додека користите опиоидни аналгетици. Движењето по скали ќе биде отежнато и забавено. Без подигање товар или вежбање најмалку 2 недели по операција или додека не Ви дозволи докторот! Слушајте го своето тело!
• Може да се туширате 24 – 48 часа по операцијата. Чувајте ги раните суви и чисти. Вашиот Доктор ќе Ви даде специфични упатства за нега на раните во постоперативниот период и распоред на контроли. Не користете базени и бањи најмалку 3 недели по операција.
• Пријавете доколу почувствувате силна болка, крварење, оток, промена на боја на кожата или покачена телесна температура. Потребно е да помине 1 година пред лузните комплетно за заздрават. Користете фактор за заштита од сонце (најмалку 30 SPF) на лузните откако ќе заздрават.
• Кога се јавувате кај медицинската сестра за прашања имајте во предвид дека таа ќе ви одговори кога ќе биде слободна. Ако се работи за нешто итно, кажете го тоа.
Кога ќе се јавите имајте информација за:
o Името/датумот на раѓање;
o Дата на операција;
o Тип на последна операција;
o Симптоми;
o Резултат од патохистолошка анализа.
Дополнителни медицински помагала
• Стегачи: Стегачи во форма на градници, корсети, еластични завои и слично ќе Ви помогнат во намалување на отокот. Користете ги 3-4 недели, под облеката. Стегачот се отстранува само за бањање. Може да биде потребно подесување на истиот. Перете го рачно и не го сушете во сушара. Носете го на контролата кај пластичниот хирург. Чувајте ги преврските според инструкциите.
• Дренови: Дренови може да бидат поставени за да се намали акумулацијата на крв и течност во оперативната зона. Тие по потреба се празнат неколку пати дневно. Дреновите се отстрануваат од 2 дена до 1-2 недели по операција. Ако Ве испуштат од болница со дрен потребно е да се нотира волуменот на дренирана течност.
• Ортози и помагала за имобилизација: Вашиот доктор може да Ви постави или Ви препише ортопедско помагало. Секогаш следете ги специфичните упатства кои Ви ги дал вашиот Доктор во врска со времетраењето на имобилизација и за рестрикција на движењата во тој период. Носењето на имобилизација може да биде непријатно на почеток, но никогаш не смее да биде болно и неудобно. Правилно поставената имобилизација не смее да биде ниту тесна, ниту широка (да клапа). Првите 4-5 дена по повреда/операција се препорачува подигнување на раката/ногата на перница додека лежите, на митела (марама околу врат) кога сте исправени, подигање на ногата на столче додека седите. При поставување на имобилизација после повреда или хируршки зафат можна е појава на циркулаторни пречки во раката/ногата заради појава на оток на местото на повреда/операција. Тие се најчести во првите 24-48 часа од повреда/операција. Знаци за циркулаторни пречки се: отечени прсти, бледи прсти, модри прсти, болка која е многу јака, трнење во рака/нога, осет на притисок внатре во имобилизацијата. Доколку искусите некој од овие симтоми, подигнете ја раката/ногата над ниво на срцето и веднаш известете го медицинскиот перонал (доктор/медицинска сестра). По одстранувањето на имобилизацијата може да чуствувате вкочанетост и намалена подвижност во зглобовите, како и болка при движење. Не грижете се, оваа појава е минлива, докторот ќе Ви даде специфични упатства за раздвижување и ќе Ве упати на физикална терапија.
За дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте ја Клиниката за Пластична и Реконструктивна хирургија во Скопје на 02/3147-042.
Со Почит,
ЈЗУ УК за Пластична и Реконструктивна Хирургија – Скопје
Проблеми при заздравување: Одредени медицински состојби, диететски суплементи и лекарства може да го отежнат или да одолжат задравувањето. Пациентите со голема загуба на телесна тежина може да имаат одложено заздравување кое може да придонесе да се отвори раната, појава на инфекции и промени во ткивото. Сето ова може да допринесе за дополнителна медицинска нега, хируршки третман и зголемен број на болнички денови. Пациентите со дијабетес или оние кои користат стероидни лекови во подолг временски период може да имаат проблеми со задравување. Пушењето цигари предизвикува одложено заздравување и често резултира со дополнителни оперативни третмани. Постојат општи ризици асоцирани со заздравување како отекување, крварење, должината на хируршкиот оперативен третман и анестезија, и сите тие предизвикуваат продолжено опоравување и можност за дополнителни хируршки третмани, продолжен престој во болница, промена на боја, промена на форма, инфекции, како и да не се постигнат очекувањата на пациентот. Пациентите со значителна еластичност на кожата (оние кои бараат затегнување на лицето, подигнување на градите, дерматолипектомија) ќе ја имаат истата еластичност на кожата и по хируршкиот третман. Квалитетот на кожата и еластичноста на истата нема да се смени. Постојат нервни завршетоци кои може да бидат засегнати при задравување на раните и развивање на сврзно ткиво (лузна) и тоа најчесто кај липектомиите (липосукција), абдоминопластиката, затегнување на лицето, затегнување на останатиот дел од телото и хирургија на екстремитетите. Во случај и да нема повреда на поголем нерв, малите нервни завршетоци може за време на заздравувањето, како резултат на сврзното ткиво да станат поактивни и да продуцираат материи кои ќе ја зголемат болката во тие регии или да ја направат регијата посензитивна од вообичаеното. Честата масажа и раните нехируршки третмани се потребни за надминување на оваа компликација.
Крварење: Постои можност за појава на постоперативно крварење. Доколку се случи тоа, потребен е итен третман за да се издренира собраната крв. Во некои случаи е потребно и трансфузија на крв, иако е во пракса е реткост. Зголемена активност постоперативно може да доведе до зголемена појава на крварење и дополнителни хируршки третмани. Многу е важно да се следат постоперативните инструкции дадени од хирургот и да се лимитираат дневните физички активности. Се препорачува да се не зема аспирин или против-воспалителни лекови најмалку десетина дена пред и по оперативниот третман, бидејќи ова може да го зголеми ризикот од крварење. Најразлични хербални или диететски суплементи може да го зголемат ризикот од крварење. Хематом може да настане во секое време. Најчесто се појавува во првите три недели по хируршкиот треман. Ако се потребни трансфузии на крвни деривати за да се третира губитокот на крв, постои можност и ризик за појава на крвно-преносливни инфекции како хепатитис и ХИВ (СИДА). Лекови како хепарин кои што се користат за да се превенираат тромби, може да предизвикаат крварење и намален број на тромбоцити во крвната слика.
Инфекции: Субакутни или хронични инфекции може тешко да се дијагностицираат. Доколку се појави инфекција, третманот може да вклучува примена на антибиотици или дополнителни хируршки интервенции. Пациенти со активна инфекција, не треба да се подложуваат на хируршки интервенции. Многу е важно да се напомене на хирургот за било каков друг тип на инфекции, како на пример враснат нокт, каснатина од инсект или уринарна инфекција. Минорни инфекции и инфекции во другите делови од телото може да доведат до појава на инфекции на местото на оперативниот третман.
Лузни: Сите хируршки интервенции оставаат лузни, некои повидливи од другите. Иако се очекува добро заздравување на раната постоперативно, абнормални лузни може да се појават на кожата, како и во подлабоките структури на ткивото. Лузните може да бидат неатрактивни и да имаат различна боја од околното здраво ткиво. Лузната може да биде со различна големина, асиментрична, односно да биде различна од едната страна во споредба со другата. Постои веројатност дека ќе се познаваат местата каде што поминал хируршкиот конец. Во некои случаи, потребен е хируршки третман за ревизија на лузните или друг тип на неинвазивен третман.
Тврдост: Зголемено чувство на тврдост може да се чувствувате постоперативно како резултат на внатрешно олузнување. Ова не може да се предвиди. Дополнителни хируршки третмани може да се потребни за надминување на оваа компликација.
Промена на сензитивност на кожата: Може да осетите намалена (или изгубена) сензација (чувство) на кожата каде што е направен хируршкиот зафат. Неколку месеци постоперативно, повеќето пациенти имаат повраток на нормалната сензација. Парцијална или целосна загуба на сензацијата на кожата може да настане постоперативно и да не дојде до повраток на истата.
Промена во обликот на кожата и ирегуларности: Може да се случат промени во обликот на кожата и ирегуларности на истата. Воочливо и палпабилно гужвање на кожата може да биде присутно постоперативно. Резидуална кожа на крајот од резот може да се појави и таа се идентификува како „уши на куче“. Тој вишок на кожа може да се повлече со текот на времето или да биде хируршки отстранета.
Промена во бојата на кожата/појава на оток: Појава на модрици и појава е оток е нормална промена. Бојата на кожата на или во близината на местото на интервенција може да биде посветла или потемна од околната кожа. Иако невообичаено, отокот и промената на бојата на кожата, може да перзистира подолг временски период или во многу ретки случаи да биде тоа трајно. Сензитивност на кожата: Постоперативно може да почувствувате зголемено чувство на чешање, тврдост или прекумерен одговор на топло или ладно. Вообичаено ова се повлекува со текот на времето, но во одредени случаеви може тоа да биде хронично.
Дехисценција на раната: Во одреден број на случаи може да се случи и отварање на местото на интервенција. Доколку се случи ова, можно е да биде потребен дополнителен хируршки третман. Сутури (хируршки конци): Повеќето интервенции имаат потреба од поставување на длабоки, поткожни хируршки конци. Овие конци можно е да се приметат постоперативно. Сутурите може спотано да излезат на површината на кожата, да бидат видливи со око и да предизвикаат иритација на кожата, да боцкаат и да има потреба од дополнително вадење на истите.
Продолжено лекување: Можно е продолжено лекување и заздравување на раните. Некои делови од телото не задравуваат нормално и имаат потреба од подолг период на заздравување. Постои ризик и некои делови од кожата да некротизираат. Можно е да е потребно почесто менување на завоите или пак отстранување на ткивото кое што нема да зарасне. Индивидуите кои имаат намален доток на крв на местата каде што бил оперативниот третман или имаат историја од радијација на истото место, може да имаат зголемен ризик од продолжено заздравување на раните или послаб хируршки резултат. Пушачите на цигари имаат зголемен ризик за губиток на кожа, односно нејзина некроза и компликации при заздравување на раните.
Повреда на длабоки струкури: Кај овој тип на хируршки интервенции постои можност од повреда на подлабоки структури вклучувајќи нерви, крвни садови, мускули, бели дробови (пневмоторакс). Тоа зависи од типот на интервеција. Компликациите може да бидат повремени или перманентни.
Некроза на масно ткиво: Масното ткиво што се наоѓа длабоко во кожата, може да изумре. Ова може да предизвика зони со тврдост во кожата. Дополнителни интервенции може да се потребни за отстранување на зоните на некроза на масното ткиво. Постои можност за појава на контурни ирегуларности на кожата како резултат на масната некроза.
Сером: Постоперативно може да се собере течност на местото на операцијата или околу имплантот. Ова може да биде резултат на траума или зголемена физичка активност. Ако се појави овој проблем, потребна е дренажа на течноста.
Хируршка анестезија: Локална или општа анестезија придонесуваат за појава на ризик. Постојат голем број на компликации кои можат да се случат од анестезијата, повреди, па дури и смрт од сите форми на анестезија или седација.
Шок: Во ретки случаи, хируршката интервенција може да предизвика голема траума, особено кога во ист акт се изведуваат две или повеќе екстензивни зафати. Иако овие се ретки компликации, инфекциите или зголемената загуба на течности може да предизвика тешко заболување и евентуално смрт. Во случај на шок, потребни се хоспитализација и дополнителен болнички престој.
Болка: Болката е неизбежен дел од постоперативното здравување. Болката може да биде со различен интензитет и времетраење. Хронична болка може да настане поради заостанување на нервни завршетоци во сврзното ткиво како резултат на ткивното затегнување.
Срцеви и белодробни компликации: Пулмоналните компликации може да се случат последователно од отчепени тромби (пулмонална емболија), масни депозити (масна емболија) или парцијален колапс на белите дробови после општа анестезија. Пулмоналната емболија може да биде животозагрозувачка или фатална во одредени ситуации. Неактивност и други состојби може да ја зголемат појавата на крвни коагулуми (тромби) во циркулацијата и тие да завршат во белите дробови предизвикувајќи исхемија, која што може да резултира и со смрт. Многу е важно да се консултирате со вашиот доктор доколку сте имале или имате појава на оток на нозете или имате историја за тромбоза, која што може да ја искомплицира хируршката интервенција. Срцевите компликации се присутни кај сите пациенти кои се во општа анестезија, па дури и кај асимптоматските. Доколку осетите глад за воздух, болка во градите, или невообичаени откучувања на срцето, веднаш побарајте медицинска помош. Доколку се случат овие компликации, Вашето време на заздравување и хоспитализација може да биде продолжено.
Алергиски реакции: Во ретки случаи, се случуваат локални алергиски реакции на фластери, материјалот за сутура, различни лепила, продукти од крвни деривати, топични или инјектирани продукти. Сериозна системска реакција вклучувајќи шок (анафилактичен) може да се случи како резултат на лекарства кои се користат за време на хируршкиот третман или на препишани лекарства за дома. Доколку се случат овие компликации, Вашето време на заздравување и хоспитализација може да биде продолжено.
Асиметрија: Можна е појава на асиметрија на телото. Најразлични фактори како боја на кожа, масни депозити, скелетна структура и мускулен тонус може да влијаат врз симетријата на телото. Најголем број на пациенти имаат појава на асиметрија на телото од левата и десната страна по било каков хирурки третман. Дополнителни интервенции може да се потребни за да се намали асиметријата.
Хируршки раствори: Постои можноста дека големи количини на течности кои содржат дилуиран локален анестетик и епинефрин, кои се инјектираат во масното ткиво во текот на операцијата, може да доведат до оптоварување со течности или системска реакција на овие лекови. Може да биде потребен дополнителен третман, вклучувајќи и хоспитализација.
Перзистентна појава на оток (Лимфедем): Перзистентна појава на оток може да настане постоперативно.
Незадоволувачки резултат: Иако се очекуваат добри резултати, нема гаранција дека резултатот ќе го задоволи пациентот. Може да бидете разочарани од крајниот резултат. Асиметрија, дислокација, неочекувана големина и форма, губиток на функцијата, споро заздравување, губиток на сензацијата на одреден дел од телото, се дел од компликациите кои што може да не Ве задоволуваат. Големината може да не биде точна. Можна е појава на голема лузна на местото на интервенција. Во некои случаи, може да биде невозможно да се постигне посакуваниот резултат со една хируршка интервенција. Возможно е да има потреба од дополнителни хируршки интервенции за постигнување на саканиот резултат.
ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ
Пушење цигари, конзумирање на никотински производи: Пациенти кои што се пушачи или користат продукти кои содржат никотин имаат зголемен ризик за значителни хируршки компликации како изумирање на кожата, продолжено заздравување и дополнително олузнување. Исто така, пушењето има значителен негативен ефект на анестезијата и на опоравување од истата, со зголемена појава на кашлица и можност од зголемено крварење. Индивидуите кои не се изложени на чад од тутун или продукти кои содржат никотин имаат значително помали компликации од овој тип. Важно е да се прекине пушењето цигари 6 недели пред операција, се додека не Ви соопшти Вашиот доктор дека е безбедно да се вратите на првобитната состојба. Важно е да дадете до знаење и да го информирате Вашиот доктор доколку продолжите со пушењето цигари во овој временски период, и дека тоа може да влијае на вашата безбедност, хируршкиот третман и истиот да биде одложен.
Лекарства и диететски суплементи: Има повеќе несакани ефекти од одредени типови на лекарства кои се купуваат без рецепт од лекар. Лекарства како аспиринот и други нестероидни антиинфламаторни лекарства може да предизвикаат крварење. Користете ги овие лекарства само по упаство од Вашиот лекар или пластичен хирург. При користење на било какви други лекарства консултирајте се со Вашиот лекар за евентуална интерреакција (вкрстена реакција) на лековите. Ако забележите било каков несакан ефект, веднаш прекинете ја терапијата и консултирајте се со Вашиот лекар за понатамошен третман. Кога земате лекарства постоперативно против болки, имајте во предвид дека тие може да влијаат врз вашата координација и мисловниот процес. Избегнувајте возење на моторно возило и не управувајте со комплексни машини, не носете важни одлуки и не конзумирајте алкохол.
Експозиција на сонце или користење на солариум: Ефектот на сонцето е оштетување на кожата. Тоа може да предизвика зголемена појава на лузни, промена на бојата на кожата како и побавно заздравување на раната. Штетниот ефект од експозиција на ваков тип се случува дури и при користење на фактори за заштита од сонце.
Планови за патување: Морате да го известите вашиот хирург доколку имате во план да патувате некаде или ако не сте присутни во одреден период близу до местото на болницата. Појавата на компликации е возможна во секое време и за тоа е потребно да го одберете вистинското време за хируршката интервенција.
Долгорочни резултати: Поради стареење, експозиција на сонце, загуба и зголемување на телесна тежина, бременост, менопауза, или други околности кои што не се поврзани со хируршкиот зафат, последователни промени во изгледот на телото се неизбежни.
Важна информација од пациентките: Многу е важно да го известите Вашиот пластичен хирург ако користите орални контрацептиви, естрогенска замена или ако се сомневате дека сте бремени. Многу од лекарствата како и антибиотиците, може да го неутрализираат ефектот на контрацептивите, при што би се овозможило концепција (оплодување) и несакана бременост.
Интимни односи постоперативно: Во хируршкиот зафат се користи коагулација на крвни садови и зголемена активност од било каков тип, кои може да ги поремети овие коагулуми, може да доведе до крварење и појава на хематом. Активности кои ја зголемуваат срцевата акција може да допринесат подолнителни подливи, отоци и потребата да се направи хируршки третман за сопирање на крварењето.
Ментално здравствени пореметувања и елективната хирургија: Многу е важно да сите пациенти, кои сакаат да подлегнат на елективна хируршка интервенција, имаат реални очекувања и дека тие се фокусираат повеќе на подобрување одколку на перфекција. Компликациите или незадоволството кај пациентите се неизбежни, и може да бараат дополнителни хируршки интервенции кои се стресни. Ве молиме, слободно да дискутирате со вашиот хирург пред операцијата ако имате било каква историја на значајни депресивни или психолошки заболувања. Иако многу индивидуи може психолошки да имаат бенефит од резултатот на елективната хирургија, сепак ефектите никогаш не можат да бидат предвидени.
Незадоволувачки резултати: Иако се очекуваат добри резултати, нема гаранција на крајниот резултат. Постои можност од незадоволувачки резултати од овој тип на хируршки зафат. Би можело да настане губиток на кожа и меко ткиво, дехисценција на раната, хронична болка, губиток на функцијата, видливи деформитети, забавено заздравување, како и губиток на сензацијата. Постои можност по овој тип на хируршки зафат, не можете да се вратите на вашето редовно работно место. Дополнителни хируршки третмани може да бидат потребни за да се подобрат резултатите.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ (РЕВИЗИЈА)
Постојат повеќе фактори кои што може да влијаат врз долгорочниот резултат на хируршкиот третман. Не е познато како ќе реагира ткивото или како ќе тече процесот на зараснување на раната. Секундарни хируршки третмани може да бидат потребни за да се направи дополнително затегнување, или репозиционирање на анатомските структури. Доколку се случат одредени компликации, дополнителни хируршки третмани може да бидат потребни за да се подобрат резултатите. Иако не се толку чести овие типови на компликации, сепак постои можност за појава на горенаведените. Постојат и други ризици и компликации, но сепак тие се многу ретки. Иако се очекуваат добри резултати, нема гаранција дека резултатот ќе го задоволи пациентот. Во одредени ситуации, невозможно е да се постигнат оптимални резултати само со една хируршка интервенција.
ПОЧИТУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТОТ: Следете ги инструкциите на лекарот внимателно; ова е основа за крајниот резултат. Важно е хирушките рани да не се подложени на дополнителна сила, влечење и движење во процесот на заздравување. Личните и професионалните активности мора да бидат во рестрикција. Заштитните преврски и дренови не смеат да бидат отстранети, додека не биде тоа одобрено од пластичниот хирург. Успешната постоперативна функција зависи од интервенцијата, како и од постоперативната нега. Физичка активност која го зголемува срцевиот ритам може да предизвика модрици, оток, акумулација на течност и потреба за повторна хируршка интервенција. Мудро е да се воздржите од интимни односи по операцијата, додека не бидат одобрени од пластичниот хирург. Важно е да учествувате во постоперативниот третман, да се јавувате на контроли и да се грижите за опоравувањето по операцијата.
ФИНАНСИСКА ОДГОВОРНОСТ (за естетски операции): Износот на хирушката интервенција вклучува некои трошоци за сервисни услуги. Вкупниот износ вклучува трошоци наменети за вашиот пластичен хирург, трошоци за хирушки материјали, анестезија, лабораториски трошоци и болничко згрижување, во зависност од местото каде се извела операцијата. Вие сте одговорни за потребни дополнителни и непокриени трошоци. Наплатениот износ за оваа интервенција не ги покрива можните потребни дополнителни интервенции на ваше барање за подобрување на крајниот резултат. Дополнителни трошоци можат да се појават доколку е потребен третман на компликации. Секундарна интервенција или дневна болница е исто така дополнителен трошок на ваша сметка. Со потпишување на оваа согласност за хирушка интервенција, вие се согласувате дека сте информирани за ризиците и последиците и ги прифаќате одговорностите за хирушките одлуки кои се направени заедно со финансиското оптоварување за сите понатамошни третмани.
ХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА ЗАКОЧЕН ПРСТ
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Тетивите кои што се задолжени за флексија (свиткување) на прстите поминуваат низ анатомски структури кои се наречени пулеи и тие се наоѓаат на самата шака и прстите. Тие претставуваат еден вид на обвивка на самите флексорни тетиви. Воспалителни промени може да доведат до промена на работата и нормалното движење на тетивите. Ова често пати предизвикува чувство на пукање како што тетивата поминува напред и назад од местото на стеснување. Ова стеснување може да се влоши до тој степен каде што може да го зароби прстот во свиткана позиција, и да може да се исправи само со истегнување на прстот како да е ороз на пушка. При закочување на прстот често се случува пациентот да чувствува болка, здрвеност како и оток. Постојат многу предизвикувачи на оваа болест. Хируршкиот третман се користи за да се врати функцијата на тетивата. Состојбата на болеста, тежината и големината на промената ќе ја одреди и техниката на оперативен третман.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Алтернативни третмани би биле да индивидуата не се подложи на хируршки третман, физикална терапија, користење на лекарства, или употреба на инјекции со кортикостероиди во променетиот дел од анатомските структури на шаката. При постоење на ризици и потенцијални компликации, се разгледуваат алтернативните форми на третман.
РИЗИЦИ ОД ХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА “TRIGGER FINGER” – ЗАКОЧЕН ПРСТ
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и е важно да се разберат истите и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Дополнително, секоја процедура има свој лимит во однос на резултатот кој пациентите го достигнуваат постоперативно. Изборот на индивидуата за да се подложи на хируршка процедура е основан на споредбата на ризикот во однос на потенцијалниот бенефит. Иако сите пациенти не ги доживуваат овие компликации или несакани ефекти, Вие треба да ги дискутирате сите од наведените со Вашиот пластичен хирург за да може да ги разберете сите можни последици од хирушкиот третман за “Trigger finer” – закочен прст. Олузнување на тетивата (создавање сврзно ткиво): При хируршки третман на закочен прст, можно е создавање на сврзно ткиво на околните тетиви. Ова може да се случи и околу тетивата или во околните структури, а тоа да го спречи враќањето на нормалната функција на тетивата. Ова може да доведе до дополнителни хируршки третмани за ослободување на засегнатата тетива. Кога ќе се случи овој тип на олузнување, другите структури како зглобовите може да ја изгубат нормалната функција.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Ганглионските цисти се многу чести тумори кои може да се појават на рачниот зглоб, шаката, како и на прстите. Има доста теории за настанување на ганглионските цисти. Тие може да ја пореметат функцијата на шаката или да предизвикуваат болка. Во зависност од големината и состојбата во која што се наоѓа ганглионската циста, симптомите предизвикани од оваа промена може да се повлечат само со хируршки третман.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Алтернативни третмани би биле да индивидуата не се подложи на хируршки третман или употреба на инјекции со кортикостероиди директно во цистата. При истиснување на течноста од цистата што има конзистенција на желе, не се решава проблемот дологорочно. При постоење на ризици и потенцијални компликации, се разгледуваат алтернативните форми на третман.
РИЗИЦИ ОД ХИРУРШКИ ТРЕТМАН ЗА ОСТРАНУВАЊЕ НА ГАНГЛИОНСКАТА ЦИСТА
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и е важно да се разберат истите и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Дополнително, секоја процедура има свој лимит во однос на резултатот кој пациентите го достигнуваат постоперативно. Изборот на индивидуата за да се подложи на хируршка процедура е основан на споредбата на ризикот во однос на потенцијалниот бенефит. Иако сите пациенти не ги доживуваат овие компликации или несакани ефекти, Вие треба да ги дискутирате сите од наведените со Вашиот пластичен хирург за да може да ги разберете сите можни последици од хирушкиот третман за остранување на ганглионската циста.
Инфекција: После оваа интервенција, возможна е појава на инфекција. Може да биде потребен дополнителен третман. Доколку настане оваа компликација, може да биде потребно пациентот да прима антибиотици, да биде хоспитализиран или пак дополнителни хируршки интервенции.
Олузнување на тетивата (создавање сврзно ткиво): При хируршки третман на ганглионска циста, можно е создавање на сврзно ткиво на околните тетиви. Ова може да се случи и околу тетивата или во околните структури, а тоа да го спречи враќањето на нормалната функција на тетивата. Ова може да доведе до дополнителни хируршки третмани за ослободување на засегнатата тетива. Кога ќе се случи овој тип на олузнување, другите структури како зглобовите може да ја изгубат нормалната функција.
Повторување на ганглионската циста: Овие цисти може да се повторат по хируршката интервенција. Дополнителна операција би била потребна доколку се случи ваков проблем.
Промена на осетот на кожата: Може да настане намалена чувствителност на кожата на прстот, шаката или подлактицата и тоа да не се повлече со текот на времето како резултат на овој хируршки зафат.
Повреда на структури поврзани со тетивата: Структури како нерви, крвни садови, коски и меко ткиво може да бидат повредени за време на операцијата. Веројатноста дека ќе се случи било каква повреда зависи од типот на хируршката техника која што се користи. Дополнителна операција би била потребна доколку се случи ваков проблем. Повреда на структурите може да биде привремена или постојана.
Без подобрување: Други заболувања на шаката може да постојат и не ја подобрат функцијата на шаката и по хируршкиот третман на оваа болест.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Дипитренова болест (сеуште позната како Дипитренова контрактура) преставува често заболување кое е почесто кај мажи отколку кај жени. Со појавата на тврди нодули на лигаментите на шаката под кожата, или во одредени случаеви и појава на повеќе споени нодули кои формираат трака, се нарушува нормалната функција на исправување на прстите. Причината за оваа болест е непозната, но е почеста кај пациенти со дијабетес, кај пушачи и кај лица кои користат алкохол во поголеми дози, иако се појавува и кај пациенти кои ги немаат претходните заболувања. Не се поврзува со мануелна работа. Може да се појави кај пациенти со претходна повреда на шаката. Хируршкиот третман за оваа болест е ослободување на сврзните анатомски структури кои ја предизвикуваат оваа состојба. За опертативен третман на оваа болест е потребно да се направи фасциотомија (ослободување на фасцијата на шаката) и тоа парцијална или радикална. Разговарајте со Вашиот пластичен хирург за оперативната техника и за алтернативните третмани.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Алтернативни третмани би биле да индивидуата не се подложи на хируршки третман. Во некои случаеви, би била потребна и физикална терапија. Останати алтернативни третмани за оваа болест се следење на болеста, употреба за кортикостероидни инјекции, радиотерапија, употреба на колагеназа, употреба на други лекарства како и физикална терапија. Третманот на одредени типови на системски болести, може да помогнат во излекувањето на оваа болест. При постоење на ризици и потенцијални компликации, се разгледуваат алтернативните форми на третман.
РИЗИЦИ ОД ХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА ДИПИТРЕНОВА КОНТРАКТУРА
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и е важно да се разберат истите и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Дополнително, секоја процедура има свој лимит во однос на резултатот кој пациентите го достигнуваат постоперативно. Изборот на индивидуата за да се подложи на хируршка процедура е основан на споредбата на ризикот во однос на потенцијалниот бенефит. Иако сите пациенти не ги доживуваат овие компликации или несакани ефекти, Вие треба да ги дискутирате сите од наведените со Вашиот пластичен хирург за да може да ги разберете сите можни последици од хирушкиот третман за ослободување на тетива – тенолиза.
СПЕЦИФИЧНИ РИЗИЦИ ОД ХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА ДИПИТРЕНОВА КОНТРАКТУРА
Губиток на кожа: Кожата може многу да се истенчи при дисекција на поткожната фасција. Во овој случај, може да би потребно да се употреби кожен графт.
Повреда на дигитален нерв или крвен сад: При дисекција на фасцијата може да се повредат нервноваскуларните петелки. Местото за најголема можност од повреда на овие анатомски структури е на базата на прстите. Доколку настане повреда на овие елементи, може да има потреба од дополнителни хируршки интервенции.
Проблеми со свиткување на прстите: Ова претставува доцна компликација. Потребна е физикална терапија за да не настане овој проблем. Одржување на флексијата на прстите е обично занемарена при обид да се постигне целосна екстензија. Доколку настане оваа компликација, може да има потреба од дополнителна физикална терапија или еветуално хируршка интервенција.
Инфекција: После оваа интервенција, возможна е појава на инфекција. Може да биде потребен дополнителен третман. Доколку настане оваа компликација, може да биде потребно пациентот да прима антибиотици, да биде хоспитализиран или пак дополнителни хируршки интервенции.
Промена на осетот на кожата: Може да настане намалена чувствителност на кожата на прстот, шаката или подлактицата и тоа да не се повлече со текот на времето како резултат на овој хируршки зафат.
Повреда на структури поврзани со тетивата: Структури како нерви, крвни садови, коски и меко ткиво може да бидат повредени за време на операцијата. Веројатноста дека ќе се случи било каква повреда зависи од типот на хируршката техника која што се користи. Дополнителна операција би била потребна доколку се случи ваков проблем. Повреда на структурите може да биде привремена или постојана.
Попуштање на раната: Возможно е да местото од каде што е направен резот за да се пристапи до тетивите за да се направи нивно ослободување, пост-оперативно се раздвои и попушти, и при тоа да се прикажат тетивите. При оваа компликација, може да настане и слаб резултат на самата операција. Доколку се случи ова, потребен е дополнителен третман.
Повторна појава на контрактура: Кај помлади пациенти возможно е да се очекува повторна појава на оваа контрактура. Не се исклучува можноста за рекуренца на болеста. Дополнителни хируршки третмани може да се потребни за повторно решавање на болеста.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Синдромот на карпален канал (Carpal Tunnel Syndrome) настанува кога медијалниот нерв е потиснат во карпалниот канал, кој што се наоѓа на ниво на рачниот зглоб. Има многу причинители на овој синдром. Во зависност од нивото и состојбата во која што се наоѓа медијалниот нерв, симптомите предизвикани од оваа промена би можело да се повлечат само со хируршки третман. Хируршкиот третман се практикува за да се намалат симптомите кои што се поврзуваат со компресијата на медијалниот нерв и за да се спречи губиток на функцијата на шаката. Физикална терапија на шаката би можела да биде потребна пост-оперативно.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Алтернативни третмани би биле да индивидуата не се подложи на хируршки третман, носење на медицински помагала, употреба на лекарства или/и витаминска терапија, или употреба на инјекции со кортикостероиди директно карпалниот канал. Третманот на одредени типови на системски болести, може да помогнат во излекувањето на овој синдром. При постоење на ризици и потенцијални компликации, се разгледуваат алтернативните форми на третман.
РИЗИЦИ ОД ХИРУРШКИ ТРЕТМАН ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КАРПАЛНИОТ КАНАЛ
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и е важно да се разберат истите и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Дополнително, секоја процедура има свој лимит во однос на резултатот кој пациентите го достигнуваат постоперативно. Изборот на индивидуата за да се подложи на хируршка процедура е основан на споредбата на ризикот во однос на потенцијалниот бенефит. Иако сите пациенти не ги доживуваат овие компликации или несакани ефекти, Вие треба да ги дискутирате сите од наведените со Вашиот пластичен хирург за да може да ги разберете сите можни последици од хирушкиот третман за остранување на ганглионската циста.
Повреда на структури поврзани со тетивата: Структури како нерви, крвни садови, коски и меко ткиво може да бидат повредени за време на операцијата. Веројатноста дека ќе се случи било каква повреда зависи од типот на хируршката техника која што се користи. Дополнителна операција би била потребна доколку се случи ваков проблем. Повреда на структурите може да биде привремена или постојана.
Повраток на Синдромот на карпален канал: Синдромот може да се повтори и по извршениот хируршки третман. Возможно е да не може да се ослободи медијалниот нерв со хируршки зафат. Појавата на сврзно ткиво и други воспалителни промени на зглобот на шаката може да направат контрикција на медијалниот нерв и повторување на симптомите. Промени во вратната регија, горните екстремитети, или системски болести може да не ги намалат симптомите на синдромот на карпален канал и пост-оперативно. Дополнителни третмани би можеле да бидат потребно доколку нема подобрување на состојбата. Би можело да има потреба и промена на работните навики, за да може да се намалат симптомите на оваа болест.
Без подобрување: Симптомите на синдромот на карпалниот канал, како што е вкочанетост на шаката, може да не се намалат и после оперативниот третман. Исто така и мускулите на палецот може да не се подобрат пост оперативно. Други заболувања, кои постоеле на ниво на вратната регија или горните екстремитети, нема да се подобрат со ослободување на каналот. Постојат и други заболувања кои може да ги имитираат истите симптоми како што се тие на синдромот на карпалниот канал. Системските болести може да имаат директно влијание на нервите. Функцијата на нервот може да не се врати во нормала и по оперативниот третман. Постои можност од слаб резултат од самата операција и тоа намалена функција на шаката, дехисценција на раната, хронична болка или целосен губиток на функционалноста на шаката.
ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТЕТИВАТА – ТЕНОЛИЗА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Тетивите ги спојуваат мускулите во подлактицата со структурите на шаката и прстите. Тие овозможуваат силата на контракција која ја прават муксулите од подлактицата се искористи во движење на зглобот, шаката и прстите. При нивна повреда, посекотина, инфекција или претходен хируршки зафат се случува да се формира лузна. Таа лузна може да ја поремети сериозно функцијата на шаката како резултат на ограничување на подвижноста на тетивата како и последователно вкочанување на засегнатиот зглоб. За да се врати функцијата на шаката после ваков тип на заболување има потреба од хируршки третман за да се ослободи засегнатата тетива/тетиви, како и рехабилитација на шаката. Со комбинирана техника се постигнува најдобар резултат.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Алтернативни третмани би биле да индивидуата не се подложи на хируршки третман. Во некои случаеви, функцијата на тетивата може да се поврати само со физикална терапија.
РИЗИЦИ ОД ХИРУРШКИ ТРЕТМАН – ТЕНОЛИЗА
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и е важно да се разберат истите и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Дополнително, секоја процедура има свој лимит во однос на резултатот кој пациентите го достигнуваат постоперативно. Изборот на индивидуата за да се подложи на хируршка процедура е основан на споредбата на ризикот во однос на потенцијалниот бенефит. Иако сите пациенти не ги доживуваат овие компликации или несакани ефекти, Вие треба да ги дискутирате сите од наведените со Вашиот пластичен хирург за да може да ги разберете сите можни последици од хирушкиот третман за ослободување на тетива – тенолиза.
СПЕЦИФИЧНИ РИЗИЦИ ОД ХИРУРШКИ ТРЕТМАН ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТЕТИВАТА – ТЕНОЛИЗА
Повторно олузнување на тетивата (создавање сврзно ткиво): Олузнувањето може да се повтори околу тетивата или во околните структури, а тоа да го спречи враќањето на нормалната функција на тетивата.
Промена на осетот на кожата: Може да настане намалена чувствителност на кожата на прстот, шаката или подлактицата и тоа да не се повлече со текот на времето како резултат на овој хируршки зафат.
Руптура на тетива: Возможно е да се раздвојат тетивите како резултат на овој тип на хируршки зафат. Раздвојување на тетивите е сериозен проблем. Доколку се случи ова, дополнителна операција би била потребна за да се поправи тетивата секундарно или да се постави графт на руптурираната тетива. Многу е важно да се следат сите пост-оперативни инструкции кои би спречиле да настане ваква несакана повреда.
Повреда на структури поврзани со тетивата: Структури како нерви, крвни садови, коски и меко ткиво може да бидат повредени за време на операцијата. Веројатноста дека ќе се случи било каква повреда зависи од типот на хируршката техника која што се користи. Дополнителна операција би била потребна доколку се случи ваков проблем. Повреда на структурите може да биде привремена или постојана.
Попуштање на раната: Возможно е да местото од каде што е направен резот за да се пристапи до тетивите за да се направи нивно ослободување, пост-оперативно се раздвои и попушти, и при тоа да се прикажат тетивите. При оваа компликација, може да настане и слаб резултат на самата операција. Доколку се случи ова, потребен е дополнителен третман.
Дополнителни резови: Можно е да треба да се зголеми примарната рана, каде што се случило олузнувањето на тетивата или да се направат нови резови за да може да се ослободи тетивата од сврзното ткиво кое го ограничува нејзиното придвижување.
Абнормална позиција на тетитвата: При хируршкиот третман за ослободување на тетивата може да се прекине обвивката на тетивата како и нејзините структури. Доколку се случи ова, може тетивата да завземе абнормална позиција и да тоа ја поремети нејзината функција. Последователно може да биде невозможно да се корегира овој тип на проблем.
ХИРУРШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА СО КОЖЕН ТРАНСПЛАНТАТ
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Операцијата на кожни трансплантации често се изведува од страна на пластични хирурзи со користење на кожата земена од една област на телото за да се врати покриеноста на кожата во други области. Кожни графтови помагаат раните да заздрават соодветно. Кожните графтови се корисни во ситуации кога се присутни адекватни поткожни ткива за да обезбедат поддршка и снабдување со крв за кожен трансплантат. Кожните графтови обично се класифицираат во зависност од дебелината на кожата која е пресадена од еден дел од телото на некој друг регион. Кожен графт со расцепена кожа не ја содржи целата дебелина на кожата. Донаторската област каде што се зема расцепената кожа на кожен графт може да се заздравува самостојно. Големи површини на телото може да се користат за кожен графт со расцепена кожа. Кожен графт со полна дебелина е различен бидејќи вклучува целосна дебелина на кожата и подлабоки ткива. Графтовите со полна дебелина имаат тенденција да се користат за специфични апликации за покривање на раните кога е потребна подебела кожа. Областа на донаторот за целосна дебелина на графт е ограничена во големина, бидејќи донаторските места на кожен графт со полна дебелина не можат да се користат повеќе од еден пат. Кожните графтови се ефикасно средство за помагање на заздравување на раните кога има губење на кожата поради состојби кои вклучуваат болести и повреди вклучувајќи изгореници или хируршко отстранување на тумори. Некои рани може да бидат премногу сложени за да заздрават без да се направат реконструктивни техники. Во некои ситуации, може да се потребни хируршки процедури и други третмани (промена на облекување и хидротерапија) за да се подготви рана за кожен графт.
АЛТЕРНАТИВНИ ТРЕТМАНИ
Алтернативните форми се да се подлегне на овој оперативен зафат. Некои помали рани можат да заздрават без операција. Некои рани можат да се лекуваат со терапија со негативен притисок. Во други ситуации, различни форми на третман, како што се трансферот на кожата и другите композитни парчиња ткиво, може да во бенефит пред кожните графтови. Микрохируршкиот трансфер на ткивата може да биде неопходен во ситуации кога обичните хируршки техники не можат да обезбедат задоволително ткиво за покривање на комплексна рана. Ризиците и потенцијалните компликации се поврзани со алтернативни хируршки форми на третман. Иако раните може да се излечат спонтано, може да има зголемен ризик од незадоволителен резултат, лузни и функционални нарушувања.
РИЗИЦИ НА ХИРУРШКИ ЗАФАТ
Секоја хируршка процедура вклучува одредена количина на ризик и важно е да ги разберете овие ризици и можните компликации поврзани со нив. Покрај тоа, секоја постапка има ограничувања. Изборот на поединецот да се подложи на хируршка процедура се базира на споредбата на ризикот со потенцијална корист. Иако поголемиот дел од пациентите не ги искусуваат овие компликации, треба да разговарате за секој од нив со вашиот пластичен хирург за да бидете сигурни дека ги разбирате сите можни последици од операцијата на кожни трансплантати.
РИЗИЦИ ОД ХИРУРШКИ ЗАФАТ СО КОЖЕН ТРАНСПЛАНТАТ
Неспособност да заздрави: Состојбите кои вклучуваат болест, повреди вклучувајќи изгореници или хируршко отстранување на тумори може да предизвикаат сериозни рани. Кожните графтови бараат соодветно снабдување со крв за опстанок. Областите на телото каде што има несоодветно снабдување со крв поради повреда, состојби на болеста или ефектот на зрачната терапија, може да бидат неспособни да обезбедат соодветно снабдување со крв за преживување на пресадената кожа. Кожните графтови се исто така подложни на изумирање во ситуации каде што постои склоност за хронични отоци или васкуларна инсуфициенција. Некои рани може да бидат толку големи и сериозни што кожните графтови не се во можност да ја затворат раната. Можно е да бидат потребни повеќе реконструктивни хируршки процедури.
Сензација на кожата: Намалена или загубена сензација на кожата во донаторската локација на графтот, како и на местото каде што е поставен трансплантот може да се појави и да не се реши целосно после опеарцијата на кожниот трансплантат. Кожните графтови генерално не ја регенерираат нормалната осетливост на кожата. Кожните графтови поставени во области со намалена сензација се склони кон повреди и загуба. Потребна е нега за да се избегне повреда на овие области или можно е појава на компликации.
Кожни контурни неправилности: Контурни неправилности може да се појават по операцијата на кожни трансплантати. Може да се појават видливи и палпабилни брчки на кожата. Ако пресадувањето на кожата е обработено во уред за Mesh – graft, можно е видлива текстура на самиот трансплантат каде што поминал самиот уред. Резидуалните неправилности на кожата на краевите на засеците се секогаш можни и може да бараат дополнителна интервенција. Ова може да се подобри со текот на времето или може да биде хируршки корегирано.
Одложено лекување: Пореметување на раните или продолжено заздравување е можно. Белези и несоодветното заздравување може да се појават на местото каде што се зема кожниот трансплантат за пренос на други делови од телото. Заздравувањето на донорското место може да трае подолг период. Донорското место еднаш излекувано може да биде склоно на повреди. Кожниот графт може да заздравува абнормално и бавно. Некои делови од кожата може да некротизираат, при што се потребни чести промени во облекувањето или понатамошна операција за отстранување на неизлеченото ткиво. Пушачите имаат поголем ризик од загуба на кожа или компликации при лекување на рани.
Промена на бојата на кожата/оток: Некои модрици и отоци обично се јавуваат по операцијата. Кожните трансплантанти и местото на донорската регија од каде што е извршена трансплантацијата можат да подлежат на промена на бојата. Возможно е овие области да бидат потемни или посветли од кожата што ги опкружува. Овие промени може да бидат трајни.
Чуствителност на кожата: Чешањето е задничка појава и кај донорската регија и на местото каде што е извршена трансплантацијата. Покрај тоа, овие области може да реагираат посилно или послабо на топли и ладни температури. Често ова може да се реши за време на лекувањето, но може да биде и хронично.
Неможност за враќање на функцијата: Во некои ситуации, кожните графтови не можат да ја вратат нормалната функција на кожата или на оштетени подлабоки структури. Иако е возможно излекување со кожен графт, може да дојде до губење на функцијата. Можно е да бидат потребни дополнителни третмани и операција.
Хируршки степлери/хируршки конци: Степлерите и хируршките конци се користат за одржување на кожните графтови. Возможно е истите да се заробат под кожата за време на заздравувањето. Хируршките конци може спонтано да пробијат низ кожата, да станат видливи и да предизвикаат иритација која бара нивно отстранување. Дополнителна операција може да биде потребна за отстранување на закопаните степлери и хируршки конци.
Неиздржливост на графт: Кожни графтови ја немаат нормалната издржливост на нормална, неоштетена кожа. Кожните графтови имаат недостаток на нормалната способност на кожата да се спротивстави на обичните абразии и повреди.
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ГРАДИ СО ИМПЛАНТИ ИСПОЛНЕТИ СО ФИЗИОЛОШКИ РАСТВОР
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Зголемување на градите е хируршки оперативен третман кој се користи за зголемување на градите поради повеќе причини и тоа:
• Да го подобри обликот на телото на жената, кој поради лични причини таа смета дека нејзините гради се мали.
• Да го корегира губитокот на волумен на градите после бременост.
• Да ја балансира големината на градите таму каде што постои забележителна разлика меѓу волуменот на истите.
• Да го врати обликот на градата после делумен или целосен губиток на ткивото од различни причини.
• Да го корегира недостигот на развој на градите кој што се должи на тешка абнормалност која ги вклучува градите.
• Да корегира или подобри резултат на веќе постоечки импланти во градите кои се користат за козметички или реконструктивни причини.
Хируршкиот оперативен третман на градите со импланти е контраиндициран кај жени со нелекуван карцином на дојката или пре-канцерогени заболувања, кај активни инфективни заболувања на телото, или кај жени кои во моментот се гравидни или доилки. Индивидуи кои се со ослабен имунолошки одговор (моментално на хемотерапија или на имуносуспресивни лекови), состојби кои го пореметуваат засирувањето на крвта или заздравувањето на раните, или имаат намален доток на крв во ткивото на дојката поради претходна операција или радиотерапија, имаат зголемен ризик за компликации и послаб хируршки резултат. Зголемување на градите се постигнува со вметнување на имплантот под ткивото на дојката, или парцијално односно целосно вметнување под мускулите на градниот кош. Резот којшто се прави е со цел да биде колку што може понеприметен и тоа е вообичаено под самата града, околу ареолата или во регијата на пазувите. Имплантите кои што се користат имаат различна големина, форма и текстура. Методот на избор на имплант, неговата големина, хируршкиот пристап, односно резот, како и позиционирање на истиот зависи од Вашите побарувања, Вашата анатомија како и препораките на Вашиот пластичен хирург. Обликот и големината на градите предоперативно ќе влијае на начинот на третман и на крајниот резултат. Ако градите не се индентични по големина и облик пред операција, не се очекува тие да бидат целосно симетрични и потоа. Состојби при кои градите се виснати или при кои кожата има намален тонус, може да бара дополнителни хируршки третмани (подигнување на градите) за да се репозиционира брадавицата на дојката.
Пациентите кои подлегнуваат на овој хируршки третман за зголемување на градите мора да ги имаат во предвид наредните ставки:
• Зголемување на градите или реконструкција на истите полнети со физиолошки раствор импланти може да биде оперативен третман кој бара повеќе од еден хируршки третман.
• Имплантите кои што се користат за зголемување на градите не се сметаат за доживотни. Не може да се очекува дека тие ќе траат засекогаш. Веројатноста дека ќе подлегнете повторно на оперативен третман за промена на имплантите или за вадење на истите е голема.
• Промените кои што ќе се случат на градите по зголемување на истите и реконстукција на истите со импланти се иреверзибилни. Градите може да имаат неприфатлив изглед по вадењето на имплантите.
• Примарно зголемување на градите со голем волумен или ревизија на истите со поголеми импланти (над 350cc) може да го зголеми ризикот од компликации како екструзија односно истиснување на имплантот, хематом односно подлив, инфекции, палпабилни набори од имплантот, како и видливо збрчкување на кожата кое би барало дополнителна хируршка интервенција за корекција на истите компликации.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Зголемување на градите импланти полнети со физиолошки раствор е елективна хируршка интервенција. Алтернативни третмани би биле да индивидуата не се подложи на хируршки третман или да користи надворешни протези за градите или потпунки. Од страна на инвазивните алтернативни третмани е да се направи трансфер на останато ткиво од телото за да се зголеми односно реконструира градата. Ризикот и потенцијалните компликации се асоцирани со алтернативни хируршки форми на третман.
РИЗИЦИ ОД ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ГРАДИТЕ
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и е важно да се разберат истите и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Дополнително, секоја процедура има свој лимит во однос на резултатот кој пациентите го достигнуваат постоперативно. Дополнителни инфомации кои што се однесуваат на имплантите за зголемување на градите, можат да се најдат и во инструкциите кои ги нудат и самите произведувачи на силиконски гел импланти. Изборот на индивидуата за да се подложи на хируршка процедура е основан на споредбата на ризикот во однос на потенцијалниот бенефит. Иако сите пациенти не ги доживуваат овие компликации или несакани ефекти, Вие треба да ги дискутирате сите од наведените со Вашиот пластичен хирург за да може да ги разберете сите можни последици од зголемување на градите. Несаканите настани кои се асоцирани со имплантите за гради може да бидат својствени за овој тип на медицински помагала или пак да потекнуваат како последица од хируршката процедура. Иако секој пациент искусува индивидуални ризици и бенефити од хируршки третман за зголемување на градите со силиконски гел импланти, клиничката студија покажала дека најголемиот број на жени се задоволни со крајниот резултат без разлика на инциденцата на проблемите својствени за овој тип на хируршки третман.
СВОЈСТВЕНИ РИЗИЦИ НА ИМПЛАНТИ ПОЛНЕТИ СО ФИЗИОЛОШКИ РАСТВОР ЗА ГРАДИ
Импланти: Имплантите за гради, како и останатите медицински помагала, може да се оштетат. Доколку имплантот руптурира, материјалот вообичаено се апсорбира од страна на телото, но обвивката на самиот имплант ќе остане внатре. Понекогаш руптура на имплантот може да се случи при самата операција, поради повреда, или мамографија. Оштетен имплант не може да се поправи, односно иститот треба да се извади или замени. Имплантите за гради може да се износат и истите немаат гаранција за доживотно користење. Дополнителни идни хируршки оперативни третмани може да се потребни за замена на еден или обата импланти. Препорачано е да се направи МРИ (магнетна резонаца) за да евалуира можноста од руптура на имплантот, но сепак тоа не може да биде во 100% точно при дијаностицирање на интегритетот на имплантот.
Капсуларна контрактура: Сврзно ткиво, кое што се формира околу имплантот внатре во градите, може да ја затегне и да ја направи дојката да изгледа позаоблена, тврда и болна. Зголемена тврдина на дојката може да се појави одма постоперативно или неколку години подоцна. Стапката на појава на симптоматична капсуларна контрактура не може да се предвиди. Инциденцата на симптоматична капсуларна контрактура се очекува да се зголеми со времето поминато од ставање на имплантите. Капсуларна контрактура може да се појави на едната дојка, на двете или да не се појави воопшто. Почесто се појавува кога имплантот се поставува пред мускулите на градниот кош. Третманот на капсуланрата контрактура вклучува хируршки оперативен третман, промена на имплант или негово остранување. Капсуларната контрактура може да се повтори по хируршкиот третман за остранување на оваа промена и почесто се појавува кај ревизии одколку кај примарно поставување на импланти за зголемување на градите.
Истиснување на имплантот/некроза на ткивото: Недостаток на соодветно ткивно покривање или инфекција може да се придонесе за истиснување на имплантот преку кожата. Смрт на ткивото (некроза) се забележува кај употребата на стероидни лекови, после хемотерапија/радиотерапија на ткивото на дојката и како резултат на пушење цигари. Во некои случаи, резот не успева да заздрави соодветно. Може да се случи и атрофија на ткивото на дојката. Имплантот може да стане видлив на површината на кожата како резултат на движење на истиот преку слоевите на кожата. Ако настане ткивна некроза и имплантот стане видлив, потребно е тој да биде остранет. Како резултат на сето тоа може да се случи трајна лузна на местото и деформитет.
Збрчкување на кожата: Видливо и палпабилно збрчкување на кожата од имплантот може да се примети на самата кожа на дојката. Некои збрчкувања на кожата се очекувани и се сметаат за нормални. Сите набори и збрчкувања на кожата кои се невообичаени и може диференцијално дијагностички да се помешаат со палпабилни тумори на дојката, мора да се иследат дополнително.
Калцификати: Депозити на калциум може да се формираат во сврзното ткиво кое го обиколува имплантот. Тоа може да предизвика болка, тврдост и да биде видливо при дијагностички преглед на дојката. Овие калциумски депозити мора да се идентификуваат како различни од тие калциумски депозити кои што се појавуваат како резултат на рак на дојката. Доколку ова се случи, потребно е дополнително испитување на промените, односно нивно остранување и препраќање за анализа на истите.
Промени во градниот кош: Промени во градниот кош се најчесто пријавени како резултат на употреба на експандери и импланти за гради. Резидуална кожа на крајот од резот може да се појави и таа се идентификува како „уши на куче“. Тој вишок на кожа може да се повлече со текот на времето или да биде хируршки остранета.
Загадување на површината на имплантите: Лој од кожа, влакна од хируршки завои, или талк може да бидат заостанати на површината на имплантите. Последиците од ова се непознати.
Невообичаени активности: Активности кои имаат можност за траума на дојките може потенцијално да го оштетат имплантот и околното младо гранулационо ткиво, и да предизвикаат крвање/сером.
ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ
Болести на дојките: Моменталните медицински сознанија не укажуваат на тоа дека има зголемена инциденца на појава на рак на дојките кај пациентите кои користат импланти поради естетски или реконструктивни причини. Пациентките со позитивна лична или фамилијарна историја рак на дојките, може да имаат зголемен ризик за развивање на рак на дојките за разлика од тие што немаат историја на ваков тип на болест. Многу е важен самопрегледот на пациентките, како и редовните скрининг тестови, вклучувајќи мамографија и ЕХО на дојките. Доколку се палпира промена на дојките или таа се забележи со друг тип на дијагностички процедури, важно е внимателна биопсија од местото на промената, за да не дојде до повреда на имплантот.
Мамографија: Имплантите во градите може да ја отежнат мамографијата и може да направат потешкотија при дијагностицирање на карциномот на дојката. Секој имплант во дојката може да го поремети начинот на дијагностика без разлика од местото каде што е тој е аплициран. Руптура на имплантот може да се случи за време на компресија на дојката при мамографија. Дадете до знаење на дијагностичарот при ваквото испитување дека имате импланти во градите. Пациентите со капсуларна контрактура може да имаат поосетлива града при изведување на овој тип на дијагностична процедура. Ултразвучната дијагностика (ЕХО) е во бенефит при ваквите иследувања.
Промена/остранување на имплантите: Дополнителна ревизија, остранување или промена на градните импланти и останатото сврзно ткиво носи зголемен ризик за појава на компликации. Градите може да имаат неприфатлив изглед по остранување на имплантите.
Процедури за разбивање на капсулата: Затворена капсулотомија, односно процедурата при која со сила се нагмечуваат градите за да се разбие околната капсула не се препорачува. Ова може да доведе до руптура на имплантот, крварење и други компликации.
Системски имулоношки болести и непознати ризици: Мал број на жени со импланти на градите пријавиле симптоми слични со тие на веќе познатите имулношки болести како системски лупус еритематозус, ревматиден артритис, склеродермија, и други болести кои потсетуваат на артритис. До денес, нема докажано никаква значителна поврзаност на пациентките со импланти на градите и овој тип болести. Овие болести се појавуваат истовремено и кај пациентки со импланти на градите и без импланти на градите. Ефектот на имплантите на градите кај пациентки со предиспозиција за имулошки заболување е непознат. Постои можност за непознат ризик асоциран со силиконски импланти за дојки и експандери на ткиво.
Волуменски големо зголемување на градите: Пациентки кои побаруваат зголемување на градите со диспропорционални големи гради мораат да имаат во предвид дека таков избор ги става на зголемен ризик од компликации. Постои појава на иреверзибилно истенчување на кожата на градите. Невролошки заболувања, знаци и симптоми: Некои жени со импланти на градите се жалат на невролошки симптоми, кои тие веруваат дека потекнуваат од имплантите на градите. Научното тврдење вели дека поврзаноста на невролошки заболувања од имплантите на градите е недостаточен. Непознати ризици: Постојат непознати ризици асоцирани со силиконски импланти за гради и експандери на ткиво.
Попречување со сентинелна лимфна жлезда: При самата хируршка интервенција и сечењето низ ткивото на дојката, може последователно да се поремети и попречи дијагностиката на сентинелната лимфна жлезда за одредување на стадиумот на карциномот на дојка.
Поставување на пирс на брадавицата: Пирсањето на брадавицата по зголемување на градите со импланти носи дополнителен ризик. Мора да се има во предвид дека доколку настане инфекција на местото, можно е да се прошири на местото на имплантот. Потребен е третман со антибиотици,а можно е и остранување на имплантот или дополнителни хируршки интервенции. Инфекциите во присутство на имплант на дојката потешко се третираат одколку инфекции на нормално ткиво.
Доење: Најдобрата храна за доенчиња е млекото на мајката. Многу жени успешно ги дојат своите бебиња со импланти на градите. Студијата покажала дека нивото на елементарен силикон во млекото кај доилки не е поголемо одколку кај пациенкти кој немаат импланти. Кравјото млеко содржи многу повеќе елементарен силикон одколку мајчиното млеко. При поставување на имплантите, постои можност за повреда на жлезденото ткиво, ареолата и жлездените канали, при што доењето станува невозможно кај овие пациентки. Кај пациентки со мастектомија, не е возможно доење на страната каде што е извршена оваа процедура.
Болести: Карциномот може да се појави независно од оперативниот третман. Пациентките со позитивна лична или фамилијарна историја рак на дојките, може да имаат зголемен ризик за развивање на рак на дојките за разлика од тие што немаат историја на ваков тип на болест. Многу е важен самопрегледот на пациентките, како и редовните скрининг тестови, вклучувајќи мамографија и ЕХО на дојките.
Долгорочни резултати: Поради стареење, експозиција на сонце, загуба и зголемување на телесна тежина, бременост, менопауза, или други околности кои што не се поврзани со хируршкиот зафат, последователни промени во изгледот на телото се неизбежни.
ХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА ПОВРЕДИ НА ЕКСТЕНЗОРНИ ТЕТИВИ
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Екстензорните тетиви ги поврзуваат мускулите на подлактицата со структури во шаката и прстите. Тетивите овозможуваат контрактилната сила на мускулите на подлактицата да се искористи за движења во рачниот зглоб, шаката и прстите. Повреди на екстензорните тетиви можат сериозно да влијаат на функцијата на шаката поради нарушување на тетивно-мускулната единица. Повреди на екстензорните тетиви може да настанат од исеченици, згмечување, истегнувања или во ретки случаи и без очигледна повреда. Откако ќе настане повреда на тетивата, малку е веројатно дека истата ќе заздрави без хируршка интервенција. Делумно исечени тетиви може, но и не мора да бараат поправка, во зависност од степенот на оштетување. За реставрација на функцијата на шаката после повреда на екстензорните тетиви потребна е хируршка интервенција, постоперативна нега и рехабилитација со цел да се постигнат најдобри резултати. Тешките повреди на шака кои предизвикале повреда на екстензорните тетиви, може да довеле до оштетување и на други витални структури на подлактицата, шаката, рачниот зглоб и прстите, како што се крвните садови, нерви, коски и други меки ткива потребни за нормална функција на шаката. Овие структури исто може да е потребно да се репарираат. Нивното оштетување може да се открие во текот на операцијата.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Алтернативниот третман се состои од неподлегнување на оперативна интервенција за поправка на тетивата. Доколку не се направи поправка на тетивата, постои можност за губење на функцијата на истата. Ризиците и потенцијалните компликации се поврзани со алтернативните форми на хируршки третман.
РИЗИЦИ ОД ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН НА ЕКСТЕНЗОРНИ ТЕТИВИ
Секоја хируршка процедура вклучува одреден степен на ризик и важно е да ги разберете ризиците што се вклучени во оперативниот третман на екстензорните тетиви и можните компликации од истите. Покрај тоа, секоја процедура има ограничувања. Изборот на пациентот да се подложи на одредена хируршка интервенција се базира на споредбата помеѓу ризикот и бенефитот од истата. Иако најголемиот пброј од пациентите не ги искусуваат овие компликации, треба да разговарате за секоја од нив со Вашиот пластичен хирург како сигурност дека ги сфаќате сите ризици, потенцијални компликации и последици од оперативни зафати на екстензорните тетиви.
СПЕЦИФИЧНИ РИЗИЦИ ОД ХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА ЕКСТЕНЗОРНИ ТЕТИВИ
Лузни на тетивите (контрактура): Повредите на тетивите исто така влијаат и на другите структури кои се неопходни за соодветна функција на тетивата. Олузнувањето или контрактурата, може да се појави во рамките на самата санација на тетиватаили во околните структури и да го спречи враќањето на тетивата во нормална функција. Дополнителни оперативни зафати може да не бидат успешни во ослободување на тетивата од фиброзното ткиво кое го спречува движењето. Кога се случува формирање на лузна, други структури како што се зглобовите, може да ги изгубат нормалните движења.
Промена во чувствителност на кожата: После хируршки третман на екстенозрните тетиви, може да се јави намалена или изгубенаосетливост на кожата на прстот, шаката или подлактицата која може и никогаш тотално да се поврати.
Неуспешна поправка на тетивите: Се користат хируршки конци за поправка на тетивите, кои ги држат тетивите се до заздравување и можност за нормална функција. Постои можност да попуштат или скинат шавовите и да се наруши тетивната поправка. Нарушување на тетивната поправка е сериозен проблем. Доколку настане, потребна е нова оперативна интервенција за секундарна поправка на тетивите. Важно е да ги следите сите постоперативни инструкции за заштита на поправката на тетивите од оштетување.
Неможност за враќање на функцијата: Повредите на шаката и подлактитцата честопати вклучуваат многу повеќе од пресечена тетива. Не сите оштетени структури можат хируршки да се санираат. Повредите на другите меки ткива и коски може да ја спречат нормалната функција на тетивата и покрај успешно санирање на тетивата. При загуба на меките ткива на прстот или шаката може да има потреба и од други реконструктивни хируршки операции. Некои повреди на шаката може да бидат толку сериозни што не постои реално очекување за враќање на функцијата. После повреди на шаката може да настанат повреди и на други делови на шаката и подлактицата.
Оштетување на придружни структури: Структурите како што се нервите, крвните садови, коските и меките ткива може да се оштетат за време на операцијата. Потенцијалот за овој тип на оштетување зависи од видот на хируршката техника која што се користи. Може да биде потребна дополнителна операција за да се санира овој тип на повреда. Повредата на придружните структури може да биде привремена или трајна.
Потреба од дополнителна инцизија: Исечените тетиви може да се ретрахираат. Во некои случаи може да има потреба да се прошири иницијалната рана каде што била исечена тетивата или да се направат нови инцизии за да се врати повлечената тетива/и.
ХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА ПОВРЕДИ НА ФЛЕКСОРНИ ТЕТИВИ
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Флексорните тетиви ги поврзуваат мускулите на подлактицата со структури во шаката и прстите. Тетивите овозможуваат контрактилната сила на мускулите на подлактицата да се искористи за движења во рачниот зглоб, шаката и прстите. Повреди на флексорните тетиви можат сериозно да влијаат на функцијата на шаката поради нарушување на тетивно-мускулната единица. Повреди на флексорните тетиви може да настанат од исеченици, згмечување, истегнувања или во ретки случаи и без очигледна повреда. Откако ќе настане повреда на тетивата, малку е веројатно дека истата ќе заздрави без хируршка интервенција. Делумно исечени тетиви може, но и не мора да бараат поправка, во зависност од степенот на оштетување. За реставрација на функцијата на шаката после повреда на флексорните тетиви потребна е хируршка интервенција, постоперативна нега и рехабилитација со цел да се постигнат најдобри резултати. Тешките повреди на шака кои предизвикале повреда на флексорните тетиви, може да довеле до оштетување и на други витални структури на подлактицата, шаката, рачниот зглоб и прстите, како што се крвните садови, нерви, коски и други меки ткива потребни за нормална функција на шаката. Овие структури исто може да е потребно да се репарираат. Нивното оштетување може да се открие во текот на операцијата.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Алтернативниот третман се состои од неподлегнување на оперативна интервенција за поправка на тетивата. Доколку не се направи поправка на тетивата, постои можност за губење на функцијата на истата. Ризиците и потенцијалните компликации се поврзани со алтернативните форми на хируршки третман.
РИЗИЦИ ОД ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН НА ФЛЕКСОРНИ ТЕТИВИ
Секоја хируршка процедура вклучува одреден степен на ризик и важно е да ги разберете ризиците што се вклучени во оперативниот третман на флексорните тетиви и можните компликации од истите. Покрај тоа, секоја процедура има ограничувања. Изборот на пациентот да се подложи на одредена хируршка интервенција се базира на споредбата помеѓу ризикот и бенефитот од истата. Иако најголемиот број од пациентите не ги искусуваат овие компликации, треба да разговарате за секоја од нив со Вашиот пластичен хирург како сигурност дека ги сфаќате сите ризици, потенцијални комплкации и последици од оперативни зафати на флексорните тетиви.
СПЕЦИФИЧНИ РИЗИЦИ ОД ХИРУРШКИ ТРЕТМАН НА ФЛЕКСОРНИ ТЕТИВИ
Лузни на тетивите (скаринг): Повредите на тетивите исто така влијаат и на другите структури кои се неопходни за соодветна функција на тетивата. Олузнувањето или скаринг, може да се појави во рамките на самата санација на тетивата или во околните структури и да го спречи враќањето на тетивата во нормална функција. Дополнителни оперативни зафати може да не бидат успешни во ослободување на тетивата од фиброзното ткиво кое го спречува движењето. Кога се случува формирање на лузна, други структури како што се зглобовите, може да ги изгубат нормалните движења.
Промена во чувствителност на кожата: После хируршки третман на флексорните тетиви, може да се јави намалена или изгубена осетливост на кожата на прстот, шаката или подлактицата која може и никогаш тотално да се поврати.
Неуспешна поправка на тетивите: Се користат хируршки конци за поправка на тетивите, кои ги држат тетивите се до заздравување и можност за нормална функција. Постои можност да попуштат или скинат хируршките конци и да се наруши тетивната поправка. Нарушување на тетивната поправка е сериозен проблем. Доколку настане, потребна е нова оперативна интервенција за секундарна поправка на тетивите. Важно е да ги следите сите постоперативни инструкции за заштита на поправката на тетивите од оштетување.
Неможност за враќање на функцијата: Повредите на шаката и подлактитцата често пати вклучуваат многу повеќе од пресечена тетивите. Не сите оштетени структури можат хируршки да се санираат. Повредите на другите меки ткива и коски може да ја спречат нормалната функција на тетивата и покрај успешно санирање на тетивата. При загуба на меките ткива на прстот или шаката може да има потреба и од други реконструктивни хируршки операции. Некои повреди на шаката може да бидат толку сериозни што не постои реално очекување за враќање на функцијата. После повреди на шаката може да настанат повреди и на други делови на шаката и подлактицата.
Оштетување на придружни структури: Структурите како што се нервите, крвните садови, коските и меките ткива може да се оштетат за време на операцијата. Потенцијалот за овој тип на оштетување зависи од видот на хируршката техника која што се користи. Може да биде потребна дополнителна операција за да се санира овој тип на повреда. Повредата на придружните структури може да биде привремена или трајна.
Потреба од дополнителна инцизија: Исечените тетиви може да се ретрахираат. Во некои случаи може да има потреба да се прошири иницијалната рана каде што била исечена тетивата или да се направат нови инцизии за да се врати повлечената тетива/и.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ИМПЛАНТИ ОД ГРАДИ
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Отстранување на имплантите од градите кои се поставени за козметички или реконструктивни цели е хируршки оперативен третман.
Тоа е единствена процедура или дел од мултипни процедури кои вкллучуваат:
• Едноставно отстранување на имплант, без отстранување на капсуларното ткиво околу имплантот.
• Отстранување на капсулатно ткиво околу имплант. • Отстранување на истечен силиконски гел од околно ткиво.
• Подигање на градите (мастопексија следена со отстранување на импланти и капсула). Имплантите кои се оштетени или скинати не можат да се поправат; се препорачува хирушко отстранување или замена. Постојат опции во зависност од изборот на општа или локална анестезија за интервенцијата. Постојат ризици и компликации поврзани со оваа операција.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Алтернативни форми на нехирушки третман е избирање за неизвршување на операцијата за отстранување на имплантите, или други процедури за замена, релоцирање или ревизија на дадената состојба, каде пациентите избираат да повторат ставање на импланти. Ризик и потенцијални компликации се асоцирани со алтернативните хируршки форми на третман.
РИЗИЦИ ОД ОТСТРАНУВАЊЕ НА ИМПЛАНТИ ОД ГРАДИ
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и е важно да се разберат истите и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Дополнително, секоја процедура има свој лимит во однос на резултатот кој пациентите го достигнуваат постоперативно. Иако повеќето жени не ги искусуваат овие компликации, треба да се разговара секоја од нив со вашиот пластичен хирург за да се осигура вашето разбирање на ризиците, потенцијалните компликации и последици од отстранување на имплантите.
СВОЈСТВЕНИ РИЗИЦИ НА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ИМПЛАНТИ ОД ГРАДИ
Збрчкување на кожата: Видливо и палпабилно збрчкување на кожата може да се примети на самата кожа на дојката. Ова може да доведе до потреба од дополнителна хирушка интервенција за затегнување на виснатата кожа, која настанува по отстранување на имплантите.
Излевање на силиконскиот гел: Како и за сите вештачки материјали, внесени во човечкото тело, постои можност да се оштети материјалот. Возможно е имплантот да руптурира, предизвикувајќи силиконот да истече надвор од обвивката. Имплантите можат да руптурираат и за време на процесот на отстранување. Ако руптурира имплантот постои можност да не може во целост да се отстрани истечениот силиконскиот гел. Може да настане калцификација околу имплантот и да биде потребно отсранување на оштетеното ткиво кое го обиколува имплантот. Постои веројатност од некомплетно отстранување на оштетеното ткиво околу имплантот, делови од имплантот, калцификати или силиконски гел. Дополнителна хирушка интервенција може да биде потребна.
Одложено заздравување и некроза на ткиво: Дехисценција на рана или одложено зараснување на истата е една од возможните компликации. Некои делови од кожата или брадавицата може да не заздрават нормално и да им биде потребно подолго време за опоравување. Делови од кожата на дојката или брадавицата може да некротизираат. Умирање на ткивото (некроза) настанува при операција на отстранување на импланти, отстранување на самата капсула, како и процедури на затегање на кожата и промена на локацијата на брадавицата. Некрозата е асоцирана и кај користење на стероиди, по хемотерапија/радијација, пушење, дијатермија или терапија со изразено висока/ниска температура. Ова може да бара чести промени на преврските или дополнителна интервенција за отстранување на ткивото кое не заздравува. Индивидуите кои имаат намален крвен доток до ткивото на дојките заради претходна операција или радијација, може да бидат со зголемен ризик од продолжено заздравување на рана и лош хирушки резултат. Пушачите имаат поголем ризик за губиток на кожа и тешкотии со зараснување на рани.
Промена на брадавицата и сензитивност на кожата: Може да осетите намалена (или изгубена) сензацијанабрадавицата и накожатанаградата. Неколку месеци подоцна, повеќето пациенти имаат повраток на нормалата сензација. Пацијална или целосна загуба на сензацијата на брадавицата или кожата може да настане постоперативно. Промениво сензацијата може да го засегнат сексуалниотод говор или можноста да го доите бебето.
Промена во обликот на кожата и ирегуларности: Може да се случат промени во обликот на кожата и ирегуларности на истата. Воочливо и палпабилно гужвање на кожата може да биде присутно постоперативно. Резидуална кожа на крајот од резот може да се појави и таа се идентификува како „уши на куче“. Тој вишок на кожа може да се повлече со текот на времето или да биде хируршки остранета.
ЗАТЕГНУВАЊЕ НА ЛИЦЕТО “FACELIFT”
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
“Facelift” е хирушка процедура за подобрување на видливите знаци на стареење на лицето и вратот. Како што стареат индивидуите, кожата и мускулите на лицето го губат тонусот. Оваа процедура не може да го запрe процесот на стареење. Може да го подобри изгледот на највидливите знаци на стареење преку зацврстување на длабоките слоеви, затегнување на кожата на лицето и вратот и отстранување на вишокот масно ткиво. Затенување на лицето може да се изведува самостојно или во комбинација со други процедури како подигнување на веѓи, липосукција, корекција на очни капаци или хирургија на нос. “Facelift” е индивидуализиран за секој пациент. Најдобри кандидати за фејслифт се оние со вишок кожа, но со зачуван еластицитет и добро дефинирани коскени структури.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Алтернативни форми се подобрување на кожната еластичност, брчките и масните депозити преку користење на ласер, хемиски пилинг или липосукција. Ризиците и потенцијални компликации се поврзани со алтернативните форми на третман.
РИЗИЦИ ОД “FACELIFT”
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и важно е да се разберат истите, како и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Секоја процедура има лимит. Одлуката на поединецот да се подлегне на третман е врз основа на споредбата на ризиците со потенцијалниот бенефит. Иако повеќето пациенти не се соочуваат со овие компликации, треба да се разговара за секоја од нив со Вашиот пластичен хирург, за да се осигура дека сте ги разбрале ризиците, потенцијалните компликации и последиците од процедурата.
СПЕЦИФИЧНИ РИЗИЦИ НА “FACELIFT”
Губење на коса: Губиток на влакна може да се случи на местата подложени на фејслифт. Честотата на настанување не е предвидлива.
Повреда на нерв: Моторни и сензитивни нерви можат да бидат оштетени при оваа операција.
Слабост или губиток на фацијалните движења можат да настанат по фејслифтинг. Повредата на нерв(и) може да предизвика привремено или трајно губење на фацијалните движења и осет. Таквите повреди можат да се подобрат со тек на време. Повреда на сензитивните нерви на лице, врат и уво може да предизвикаат привремено или трајно чувство на тапост. Болно оштетување на нерв е многу ретко.
ТРАНСФЕР НА МАСНО ТКИВО – ЛИПОФИЛИНГ
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Сопственото масно ткиво на пациентот може да се искористи за да се подобри изгледот на телото, преку пренесување од една зона, каде е помалку потребно (најчесто бедра или абдомен) во зона која го изгубила волуменот на ткивото поради стареење, траума, хирушка интервенција, породилни дефекти или други причини. Вообичаено, пренесеното масно ткиво води до зголемување на обемот на местото на третман на телото. Пред постапката, зоните од каде што се отстранува масното ткиво може да се инјектираат со течност, со цел да се минимизираат појава на модрици или нелагодност. Манотијата може да се отстрани од телото преку тесен хирушки инструмент (канила) низ мал засек или може да биде отстрането преку исфрлање (отсекување) директно со поголем засек. Во некои случаи, масното ткиво може да биде припремено на специфичен начин, пред да биде поставено назад во телото. Оваа припрема може да вклучува, миење, филтрирање и центрифугирање на ткивото. Потоа масното ткиво се става во саканата зона, користејќи помала канила или игла, или може да се постави директно преку засекување. Затоа што дел од ткивото кое е пренесено, не го задржува целосно волуменот со текот на времето, Вашиот хирург може да инјектира повеќе од потребното во моментот, за да се постигне посакуваниот краен резултат. По неколку недели, количината на масно ткиво ќе се намали. Во некои случаи, повеќе масно ткиво ќе биде потребно да се постави за да се одржува посакуваниот резултат. Процедурите на трансфер на масно ткиво може да се изведуваат во локална анестезија, седација или општа анестезија во зависност од големината на зафатот.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Алтернативни форми на нехирушко и хирушко третирање се состојат во инјекции со супстанции за подобрување на волуменот на ткивото (како хијалуронска киселина, полилактична киселина итн.), користење на импланти, или други хирушки процедури за трансфер на масно ткиво од телото (флепови). Ризици и потенцијални компликации се поврзани со алтернативните форми на третман.
РИЗИЦИ ОД ТРАНСФЕР НА МАСНО ТКИВО
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и важно е да се разберат истите, како и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Одлуката на поединецот да се подлегне на третман е врз основа на споредбата на ризиците со потенцијалниот бенефит. Иако повеќето пациенти не се соочуваат со овие компликации, треба да се разговара за секоја од нив со Вашиот пластичен хирург, за да се осигура дека сте ги разбрале ризиците, потенцијалните компликации и последиците од процедурата.
СПЕЦИФИЧНИ РИЗИЦИ НА ТРАНСФЕР НА МАСНО ТКИВО
Промена на изгледот: Типично трансферираното масно ткиво губи дел од својот волумен со текот на времето, по што се стабилизира. Можно е да бидат потребни повеќе третмани за да се одржува посакуваниот волумен на трансферирана маст и посакуваниот изглед. Поретко, ако искусите значително зголемување на тежината, трансферираното масно ткиво може да добие на волумен и да предизвика несакан изглед. Важно е да се разбере дека може да биде потребно повеќе од еден третман, затоа треба да се разговара со Вашиот хирург околу трошоците за повторни интервенции.
Тврдост и згрутчување: И покрај тоа што поголемиот дел од трансферирано масно ткиво резултира со природен изглед, можно е дел или целото ткиво да стане тврдо, цврсто и згрутчено. Ако дел од маснотијата не го преживее трансферот, може да резултира со некроза на масно ткиво (умирање на масното ткиво), предизвикувајќи тврдост и нелагодност или болка. Формирање на цисти е исто така возможно на местото на пренесување. Може да биде потребна хирушка интервенција за подобрување на состојбата.
Асиметрија: Може да не се постигне симетричен изглед на телото со процедурата при трансфер на масно ткиво. Факторите како боја на кожа, масни депозити, коскена испакнатост и мускулен тонус, може да доведат до нормална асиметрија во телесните карактеристики.
Долготраен ефект: Последователни промени во обликот или изгледот на подрачјето каде што масното ткиво било отстрането или поставено може да се појават како резултат на стареење, губење на тежината или добивање на истата или во други околности кои не се поврзани со процедурата за пренесување на масти.
Губење на ткиво: Во поретки случаи, пренесеното масно ткиво може да предизвика оштетување на кожата на местото на трансфер, резултирајќи со губење на кожата и околното ткиво. Ова може да остави лузни и изобличување, па да има потреба од дополнителни хирушки третмани.
Пренесување масно ткиво во дојки: Масното ткиво се користи за подобрување на изгледот на реконстуирани дојки по третман на карцином на дојка, да го подобри изгледот кај вродени деформитети на дојки, како и да ги зголеми дојките за естетски цели. И покрај тоа што има ограничено количество информации за долготрајните ефекти од овие процедури, постојат некои потенцијални ризици поврзани со дијагноза на карцином на дојка. Затоа што трансферираната маснотија може да стане цврста и да предизвика грутки, може да бидат потребни некои радиолошки иследувања (како мамографија, ултразвук или магнетна резонанца) за да се потврди дека грутките не се резултат на малигно заболување. Можно е тие формации да го отежнат прегледувањето на дојките. За дијагностичка цел може да биде потребна и биопсија. Во секој случај, нема медицински доказ дека трансферот на масно ткиво предизвикува карцином на дојка.
Сериозни компликации: Иако сериозни компликации се возможни и пријавени како случаи, тоа се многу ретки ситуации. Тие вклучуваат масна емболија (дел од масното ткиво може да се најде во крвната циркулација и да резултира со сериозни компликации), мозочен удар, менингитис (воспаление на мозочни обвивки), сериозни инфекции, слепило или оштетување на вид или смрт.
Крвни згрутчувања: Крвни грутки (тромби) во венскиот систем на рацете, нозете или карлицата може да бидат резултат на трансфер на масно ткиво. Овие згрутчувања можат да предизвикаат венски заболувања, може да се откинат и преку крвотокот да стигнат во белите дробови, каде ќе предизвикаат сериозни проблеми со дишењето.
Пулмонални компликации: Пулмонални (дишење и бели дробови) компликации можат да настанат од крвни згрутчувања (пулмонална емболија) или од делумен колапс на бели дробови по општа анестезија. Ако некоја од овие компликации се случи, ќе биде потребна хоспитализација и соодветен третман. Пулмонална емболија е животозагрозувачка или фатална состојба во некои околности. Ова е многу ретка и веројатно фатална компликација кај трансфер на масно ткиво.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Липосукцијата е оперативна техника со која се отстрануваат масните наслаги од телото, вклучувајќи го лицето и вратот, рацете, трупот, стомакот, слабините, натколениците, колената и потколениците. Со липосукцијата се подобрува силуетата на телото, односно вишокот на масните наслаги кои не можат да се отстранат со диета или вежбање. Липосукцијата може да се изведува како посебна процедура, или во комбинација на други операции како затегнување на лицето, абдоминопластика, или целосно затегнување на телото. Најдобри кандидати се оние со мал вишок на масни наслаги во одредени регии од телото. Добрата и квалитетна кожа може да допринесе за подобар краен резултат. Оштетената кожа поради промена во телесната тежина и појавата на стрии нема да се изгубат, односно ќе се вклопат во контурите на телото по липосукцијата. Можно е да има потреба од дополнителни операции за да се постигне саканиот резултат. Липосукцијата не може да помогне на региите во кои кожата има дупчиња, сеуште познато помеѓу пациентите како „целулит“. Асистирана липосукција е метода во која се користи специјален инструмент т.н. канила за сукција која низ мал отвор во телото се вметнува и се изведува постапката. Во одредени ситуации се користи и асистирана липосукција со ултразвук која помага во разбивањето на масните капки. Туменесцентната липосукција вклучува инфилтрација и употреба на течности во кои има растворено локален анестестик и адреналин, која што помага за полесно разбивање на масните клетки, како и намалување на дискомфортот на пациентот, помала крвозагуба и намалена појава на модирици постоперативно. Липосукцијата може да се изведе во локална и општа анестезија.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Како една од алтернативните опции е и неизведувањето на липосукцијата во саканите регии. Диететски режим и одредени вежби можат да допринесат за намалувањето на вишокот масно ткиво. Отстранувањето на вишокот на масно ткиво и кожа понекогаш се препорачуваат кај одредени пациенти наместо липосукцијата за подобар резултат. Одреден ризик и компликации се асоцирани кај алтернативни хируршки форми на третман.
РИЗИЦИ ОД ЛИПОСУКЦИЈА
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и важно e да се разберат истите и можните компликации, или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Дополнително, секоја процедура има свој лимит во однос на резултатот кој пациентите го достигнуваат постоперативно.
СВОЈСТВЕНИ РИЗИЦИ КАЈ ЛИПОСУКЦИЈАТА
Селекција на пациентите: Пациенти со лош квалитет на кожа, проблеми со здравјето, обезност, или кандидати со нереални очекувања за нивниот изглед не се добри кандидати за липосукција.
Пубична нелагодност: Можно е кај некои пациенти да се предизвика оштетување во пубичната регија односно во сензибилизацијата. Доколку ова се случи можно е да се потребни дополнителни операции за оваа состојба да се врати во нормала.
Папок: Можна е појава на лоша поставеност на папокот, хипертрофични лузни, како и намалена сензибилност околу папокот.
Туменесцентна липосукција: Големите количини на течности кои содржат растворен локален анестетик и адреналин, и се вбризграни во масните депозити, може да го зголемат васкуларното корито и да го оптоварат организмот со течности. Можно е да бидат потребни дополнителни третмани и хоспитализација на пациентот за надминување на оваа компликација.
ХИРУРШКИ ЗАФАТ ЗА ОСТРАНУВАЊЕ НА РАК НА КОЖАТА (КОЖЕН КАРЦИНОМ)
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ:
Хируршкото отстранување на ракот на кожата е постапка која често се изведува од пластични хирурзи. Ракот на кожата не е во можност да исчезне спонтано и поради тоа се индицира хируршкото отстранување како опција за третман на ова заболување. Постојат повеќе различни техники за отстранување на ракот на кожата. По остранувањето на ракот на кожата постојат повеќе различни хируршки процедури кои може да бидат вклучени во реконструкцијата.
АЛТЕРНАТИВНИ ТРЕТМАНИ:
Алтернативниот третман за ова заболување е неподлегнување на овој хируршки зафат, употреба на специфични лекарства на кожната промена и остранување на промената со нехируршки техники. Постојат ризици и потенцијални компликации кои се поврзани со алтернативните методи за третман на рак на кожата.
РИЗИЦИ ПРИ ХИРУРШКИ ЗАФАТ НА КАРЦИНОМ НА КОЖА:
Секоја хируршка процедура вклучува одредена количина на ризик и важно е да ги разберете овие ризици и можните компликации поврзани со нив. Покрај тоа, секоја постапка има ограничувања. Изборот на поединецот да се подложи на хируршка процедура се базира на споредбата на ризикот и потенцијална корист. Иако поголемиот дел од пациентите не ги искусуваат овие компликации, треба да разговарате за секој од нив со вашиот пластичен хирург за да бидете сигурни дека ги разбирате сите можни последици од оперативниот зафат на остранување на лезијата на кожата.
СПЕЦИФИЧНИ РИЗИЦИ ПРИ ОПЕРАТВИЕН ЗАФАТ НА КАРЦИНОМ НА КОЖА
Системско ширење на лезијата на кожа – тумор: Одредени видови на кожни лезии, може да се прошират и на други делови од телото. Во зависност од видот на клетките и степенот на инвазија на лезијата на кожата, може да бидат неопходни дополнителни интервенции. Во одредени ситуации кои вклучуваат меланом (вид на карцином на кожата), на пациентите им се советува да се размислат за тоа дали да се земе биопсија од лимфната жлезда – стражар (сентинелна жлезда) за да се утврди стадиумот на болеста.
Повторно јавување на лезијата на кожата – тумор: Карциномите на кожата во ретки ситуации може да се повторат по хируршката екцизија. Може да биде неопходен дополнителен третман или секундарен хируршки третман.
Неточност во EX TEMOPRE техниката: Ex Tepmore техниката што се користи за да се утврди патологијата на ткивата и комплетноста на отстранувањето на туморот може да бидат неточни. Можно е дека последователната ткивна анализа да идентификува дека може да има нецелосно отстранување на лезијата на кожата – тумор или присуство на поинаква патологија на ткиво. Дополнителна хируршка интервенција може да биде неопходна ако се утврди дека отстранувањето на лезијата на кожата – тумор е нецелосно.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Ринопластика е хируршка интервенција која се изведува од страна на пластични хирурзи. Оваа процедура може да придонесе за промена во обликот, структурата и функцијата на носот. Може да се намали или зголеми носот, да се промени врвот на носот, да се промени ширината на ноздрвите, како и аголот помеѓу врвот на усната и врвот од носот. Со оваа операција може да се корегираат вродени дефекти, повреди на септумот и да се поправат потешкотиите со дишењето. Не постои универзален тип на ринопластика кој би можел да го задоволи секој пациент. Ринопластиката како операција се приспособува за секој пациент во согласност со нејзините барања и очекувања. Постои затворена техника и отворена техника со лузни кои што се внимава да се познаваат што помалку. Во одредени ситуации може да се потребни графтови од ‘рскавици од други делови на телото за да бидат искористени при ремоделирање на носот. Дишењето може да се подобри при изведување на интраназален хируршки зафат кој што може да се изведе во текот на ринопластиката. Најдобри кандидати се оние кои очекуваат подобрување во изгледот на носот, а не перфекција. Во поглед на реалните очекувања, доброто физичко и психичко здравје придонесуваат за кандидатот кој се одлучува за ваков тип на интервенција.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Како една од алтернативните опции е и неизведувањето на ринопластика. Одредени проблеми и дефекти со дишењето на внатрешната носна преграда може да не побаруваат промени во изгледот на носот од надворешноста. Одреден ризик и потенцијални компликации може да бидат предизвикани со алтернативни методи на третман. Некои промени во контурата на изгледот на носот можат да бидат поправени и со дермални филери.
РИЗИК ОД РИНОПЛАСТИКА
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и е важно да се разберат истите и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Дополнително, секоја процедура има свој лимит во однос на резултатот кој пациентите го достигнуваат постоперативно.
СВОЈСТВЕНИ РИЗИЦИ КАЈ РИНОПЛАСТИКА
Ризик од местата донор: Понекогаш кај оваа операција се користат графтови од други делови на телото. Ова претставува дополнителен ризик кој мора да го дискутирате со вашиот пластичен хирург.
Импланти: Може да се користат кај некои ринопластики. Имплантите може да се загадат или да избијат према површината и во тој случај мора да бидат отстранети.
Одложено зараснување: Дисрупција на местото на фрактурната линија или одложено зараснување се можни несакани компликации. Некои делови од носот можно е да зараснуваат подолго време. Можни се и делови на некроза (изумирање на ткивото). Оваа појава мора да се третира со чести преврски или со понатомошна операција и некректомија (остранување на мртвото ткиво). Кај пушачите е зголемен ризикот за оштетување на кожата и проблемите со зараснувањето на раните.
Перфорации на септумот: Понекогаш е можно настанувањето и на перфорација на септумот. Таа појава е доста ретка. Дополнителни операции би биле потребни да се поправи тој дефект. Во некои случаи е невозможно да се поправи тоа.
Проблеми со дишењето: Можни се промени во дишењето како резултат на ринопластика или септопластика кои го отежнуваат нормалното струење на воздухот.
Недозволени супстанци: Консумирањето на недозволени супстанци како кокаин предизвикуваат компликации како лошо зараснување и перфорација на носниот септум.
ХИРУРШКО ОСТРАНУВАЊЕ НА ТУМОРСКА ЛЕЗИЈА НА КОЖАТА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ:
Хируршкото отстранување на кожна лезија или тумор е постапка која често се изведува од пластични хирурзи. Туморот на кожата не е во можност да исчезне спонтано и поради тоа се индицира хируршкото отстранување како опција за третман на ова заболување. Постојат повеќе различни техники за отстранување на туморската лезија на кожата. По остранувањето на ракот на кожата постојат повеќе различни хируршки процедури кои може да бидат вклучени во реконструкцијата.
АЛТЕРНАТИВНИ ТРЕТМАНИ:
Алтернативниот третман за ова заболување е неподлегнување на овој хируршки зафат, употреба на специфични лекарства на кожната промена и остранување на промената со нехируршки техники. Постојат ризици и потенцијални компликации кои се поврзани со алтернативните методи за третман на рак на кожата.
РИЗИЦИ ПРИ ОПЕРАТИВЕН ЗАФАТ НА ЛЕЗИЈА НА КОЖА – ТУМОР
Секоја хируршка процедура вклучува одредена количина на ризик и важно е да ги разберете овие ризици и можните компликации поврзани со нив. Покрај тоа, секоја постапка има ограничувања. Изборот на поединецот да се подложи на хируршка процедура се базира на споредбата на ризикот и потенцијална корист. Иако поголемиот дел од пациентите не ги искусуваат овие компликации, треба да разговарате за секој од нив со вашиот пластичен хирург за да бидете сигурни дека ги разбирате сите можни последици од оперативниот зафат на лезијата на кожата – тумор.
СПЕЦИФИЧНИ РИЗИЦИ ПРИ ОПЕРАТВИЕН ЗАФАТ НА ЛЕЗИЈА НА КОЖА – ТУМОР:
Системско ширење на лезијата на кожа – тумор: Одредени видови на кожни лезии, може да се прошират и на други делови од телото. Во зависност од видот на клетките и степенот на инвазија на лезијата на кожата, може да бидат неопходни дополнителни интервенции. Во одредени ситуации кои вклучуваат меланом (вид на карцином на кожата), на пациентите им се советува да се размислат за тоа дали да се земе биопсија од лимфната жлезда – стражар (сентинелна жлезда) за да се утврди стадиумот на болеста.
Повторно јавување на лезијата на кожата – тумор: Карциномите на кожата во ретки ситуации може да се повторат по хируршката екцизија. Може да биде неопходен дополнителен третман или секундарен хируршки третман.
Неточност во EX TEMOPRE техниката: Ex Tepmore техниката што се користи за да се утврди патологијата на ткивата и комплетноста на отстранувањето на туморот може да бидат неточни. Можно е дека последователната ткивна анализа да идентификува дека може да има нецелосно отстранување на лезијата на кожата – тумор или присуство на поинаква патологија на ткиво. Дополнителна хируршка интервенција може да биде неопходна ако се утврди дека отстранувањето на лезијата на кожата – тумор е нецелосно.
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ГРАДИ СО СИЛИКОНСКИ ГЕЛ ИМПЛАНТИ
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Зголемување на градите е хируршки оперативен третман кој се користи за зголемување на градите поради повеќе причини и тоа:
• Да го подобри обликот на телото на жената, кој поради лични причини таа смета дека нејзините гради се мали.
• Да го корегира губитокот на волумен на градите после бременост.
• Да ја балансира големината на градите таму каде што постои забележителна разлика меѓу волуменот на истите.
• Да го врати обликот на градата после делумен или целосен губиток на ткивото од различни причини.
• Да го корегира недостигот на развој на градите кој што се должи на тешка абнормалност која ги вклучува градите.
• Да корегира или подобри резултат на веќе постоечки импланти во градите кои се користат за козметички или реконструктивни причини.
Хируршкиот оперативен третман на градите со импланти е контраиндициран кај жени со нелекуван карцином на дојката или пре-канцерогени заболувања, кај активни инфективни заболувања на телото, или кај жени кои во моментот се гравидни или доилки. Индивидуи кои се со ослабен имунолошки одговор (моментално на хемотерапија или на имуносуспресивни лекови), состојби кои го пореметуваат засирувањето на крвта или заздравувањето на раните, или имаат намален доток на крв во ткивото на дојката поради претходна операција или радиотерапија, имаат зголемен ризик за компликации и послаб хируршки резултат. Зголемување на градите се постигнува со вметнување на имплантот под ткивото на дојката, или парцијално односно целосно вметнување под мускулите на градниот кош. Резот којшто се прави е со цел да биде колку што може понеприметен и тоа е вообичаено под самата града, околу ареолата или во регијата на пазувите. Имплантите кои што се користат имаат различна големина, форма и текстура. Методот на избор на имплант, неговата големина, хируршкиот пристап, односно резот, како и позиционирање на истиот зависи од Вашите побарувања, Вашата анатомија како и препораките на Вашиот пластичен хирург. Обликот и големината на градите предоперативно ќе влијае на начинот на третман и на крајниот резултат. Ако градите не се индентични по големина и облик пред операција, не се очекува тие да бидат целосно симетрични и потоа. Состојби при кои градите се виснати или при кои кожата има намален тонус, може да бара дополнителни хируршки третмани (подигнување на градите) за да се репозиционира брадавицата на дојката.
Пациентите кои подлегнуваат на овој хируршки третман за зголемување на градите мора да ги имаат во предвид наредните ставки:
• Зголемување на градите или реконструкција на истите со силиконски гел импланти може да биде оперативен третман кој бара повеќе од еден хируршки третман.
• Имплантите кои што се користат за зголемување на градите не се сметаат за доживотни. Не може да се очекува дека тие ќе траат засекогаш. Веројатноста дека ќе подлегнете повторно на оперативен третман за промена на имплантите или за вадење на истите е голема.
• Промените кои што ќе се случат на градите по зголемување на истите и реконстукција на истите со импланти се иреверзибилни. Градите може да имаат неприфатлив изглед по вадењето на имплантите.
• Примарно зголемување на градите со голем волумен или ревизија на истите со поголеми импланти (над 350cc) може да го зголеми ризикот од компликации како екструзија односно истиснување на имплантот, хематом односно подлив, инфекции, палпабилни набори од имплантот, како и видливо збрчкување на кожата кое би барало дополнителна хируршка интервенција за корекција на истите компликации.
АЛТЕРНАТИВЕН ТРЕТМАН
Зголемување на градите со силиконски гел импланти е елективна хируршка интервенција. Алтернативни третмани би биле да индивидуата не се подложи на хируршки третман или да користи надворешни протези за градите или потпунки. Од страна на инвазивните алтернативни третмани е да се направи трансфер на останато ткиво од телото за да се зголеми односно реконструира градата. Ризикот и потенцијалните компликации се асоцирани со алтернативни хируршки форми на третман.
РИЗИЦИ ОД ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ГРАДИТЕ
Секоја хируршка процедура вклучува одреден број на ризици и е важно да се разберат истите и можните компликации или несаканите ефекти кои се поврзани со нив. Дополнително, секоја процедура има свој лимит во однос на резултатот кој пациентите го достигнуваат постоперативно. Дополнителни инфомации кои што се однесуваат на имплантите за зголемување на градите, можат да се најдат и во инструкциите кои ги нудат и самите произведувачи на силиконски гел импланти. Изборот на индивидуата за да се подложи на хируршка процедура е основан на споредбата на ризикот во однос на потенцијалниот бенефит. Иако сите пациенти не ги доживуваат овие компликации или несакани ефекти, Вие треба да ги дискутирате сите од наведените со Вашиот пластичен хирург за да може да ги разберете сите можни последици од зголемување на градите. Несаканите настани кои се асоцирани со имплантите за гради може да бидат својствени за овој тип на медицински помагала или пак да потекнуваат како последица од хируршката процедура. Иако секој пациент искусува индивидуални ризици и бенефити од хируршки третман за зголемување на градите со силиконски гел импланти, клиничката студија покажала дека најголемиот број на жени се задоволни со крајниот резултат без разлика на инциденцата на проблемите својствени за овој тип на хируршки третман.
СВОЈСТВЕНИ РИЗИЦИ НА СИЛИКОНСКИ ГЕЛ ИМПЛАНТИ ЗА ГРАДИ
Импланти: Имплантите за гради, како и останатите медицински помагала, може да се оштетат. Кога силикионскиот гел имплант руптурира, гел материјалот вообичаено се содржи во сврзното ткиво кое го обиколува имплантот (интракапсуларна руптура). Во некои случај, гелот може да излезе вон капсулата и да навлезе во самотото ткиво на дојката (екстракапсуларна руптура и миграција на гелот) или во подалечни локации од телото. Гелот кој што мигрирал може тешко да се извади или да биде невозможно да се острани во целост. Руптура на имплантот за гради може, а и не мора да предизвика локална затегнетост и трвдост. Невозможно е да се предвиди биолошкиот одговор на ткивото на пациентот кој ќе биде изложен на овој тип на силиконски гел имплант или како ќе заздравува истото постоперативно. Руптура на имплантот може да се биде резултат на повреда, од непознат причинител или за време на мамографија. Руптурата на силиконски гел имплант најчесто не е детектибилна (незабележителна руптура). Возможно е да се оштети имплантот и за време на оперативниот третман. Оштетен имплант не може да се поправи, односно иститот треба да се извади или замени. Имплантите за гради може да се износат и истите немаат гаранција за доживотно користење. Дополнителни идни хируршки оперативни третмани може да се потребни за замена на еден или обата импланти. Препорачано е да се направи МРИ (магнетна резонаца) за да евалуира можноста од руптура на имплантот, но сепак тоа не може да биде во 100% точно при дијаностицирање на интегритетот на имплантот.
Капсуларна контрактура: Сврзно ткиво, кое што се формира околу имплантот внатре во градите, може да ја затегне и да ја направи дојката да изгледа позаоблена, тврда и болна. Зголемена тврдина на дојката може да се појави одма постоперативно или неколку години подоцна. Стапката на појава на симптоматична капсуларна контрактура не може да се предвиди. Инциденцата на симптоматична капсуларна контрактура се очекува да се зголеми со времето поминато од ставање на имплантите. Капсуларна контрактура може да се појави на едната дојка, на двете или да не се појави воопшто. Почесто се појавува кога имплантот се поставува пред мускулите на градниот кош. Третманот на капсуланрата контрактура вклучува хируршки оперативен третман, промена на имплант или негово остранување. Капсуларната контрактура може да се повтори по хируршкиот третман за остранување на оваа промена и почесто се појавува кај ревизии одколку кај примарно поставување на импланти за зголемување на градите.
Истиснување на имплантот/некроза на ткивото: Недостаток на соодветно ткивно покривање или инфекција може да се придонесе за истиснување на имплантот преку кожата. Смрт на ткивото (некроза) се забележува кај употребата на стероидни лекови, после хемотерапија/радиотерапија на ткивото на дојката и како резултат на пушење цигари. Во некои случаи, резот не успева да заздрави соодветно. Може да се случи и атрофија на ткивото на дојката. Имплантот може да стане видлив на површината на кожата како резултат на движење на истиот преку слоевите на кожата. Ако настане ткивна некроза и имплантот стане видлив, потребно е тој да биде остранет. Како резултат на сето тоа може да се случи трајна лузна на местото и деформитет.
Збрчкување на кожата: Видливо и палпабилно збрчкување на кожата од имплантот може да се примети на самата кожа на дојката. Некои збрчкувања на кожата се очекувани и се сметаат за нормални. Сите набори и збрчкувања на кожата кои се невообичаени и може диференцијално дијагностички да се помешаат со палпабилни тумори на дојката, мора да се иследат дополнително.
Калцификати: Депозити на калциум може да се формираат во сврзното ткиво кое го обиколува силиконскиот гел имплант. Тоа може да предизвика болка, тврдост и да биде видливо при дијагностички преглед на дојката. Овие калциумски депозити мора да се идентификуваат како различни од тие калциумски депозити кои што се појавуваат како резултат на рак на дојката. Доколку ова се случи, потребно е дополнително испитување на промените, односно нивно остранување и препраќање за анализа на истите.
Промени во градниот кош: Промени во градниот кош се најчесто пријавени како резултат на употреба на експандери и импланти за гради. Резидуална кожа на крајот од резот може да се појави и таа се идентификува како „уши на куче“. Тој вишок на кожа може да се повлече со текот на времето или да биде хируршки остранета. Загадување на површината на имплантите: Лој од кожа, влакна од хируршки завои, или талк може да бидат заостанати на површината на имплантите. Последиците од ова се непознати.
Невообичаени активности: Активности кои имаат можност за траума на дојките може потенцијално да го оштетат имплантот и околното младо гранулационо ткиво, и да предизвикаат крвање/сером.
Излевање на силиконскиот гел: По одреден период многу мал дел од силиконскиот гел и платина може да ја преминат обвивката на имплантот. Студиите покажале дека многу мал дел од ова се пронајдени во ткивото кое го опколува самиот имплант. Ова може да ја зголеми можноста за појава на капсуларна контрактура и зголемување на лимфните јазли. Екстремното мало ниво на силиконски гел вон имплантот има многу мала клиничка значителност за појава на промените.
Инфекции кај пациенти со импланти за гради: Субакутни или хронични инфекции може тешко да се дијагностицираат. Доколку се појави инфекција, третманот може да вклучува примена на антибиотици, вадење на имплантот и дополнителни хируршки интервенции. Доколку антибиотската терапија не помогне, можно е да има потреба од отстранување на имплантот. По лекувањето на инфекцијата, нов имплант може да се постави на истото место. Неретко се случува да инфекција стекната од друго место на телото заврши околу имплантот. Во секој случај, профилактичка антибиотска терапија се препорачува при процедури поврзани со стоматолошки услуги или дополнителни хируршки интервенции. Во екстремно ретки случаи, живото-загрозувачки инфекции, вклучувајќи токсичен шок синдром, биле пријавени како компликации на зголемување на градите со силиконски импланти. Пациенти со активна инфекција, не треба да се подложуваат на хируршки интервенции. Иако инфекциите не се типични за овој тип на хируршка интервеција, компликации од овој тип биле пријавени одма при самотото вметнување на имплантот, но и во било кој период од постоперативниот период. Многу е важно да се напомене на хирургот за било каков друг тип на инфекции, како враснат нокт, каснатина од инсект или уринарна инфекција. Минорни инфекции и инфекции во другите делови од телото може да доведат до појава на инфекции на местото на оперативниот третман.
Промена на брадавицата и сензитивност на кожата: Може да осетите намалена (или изгубена) сензација на брадавицата и на кожата на градата. Неколку месеци подоцна, повеќето пациенти имаат повраток на нормалата сензација. Пацијална или целосна загуба на сензацијата на брадавицата или кожата може да настане пост оперативно. Промени во сензацијата може да го засегнат сексуалниот одговор или можноста да го доите бебето.
Болести на дојките: Моменталните медицински сознанија НЕ укажуваат на тоа дека има зголемена инциденца на појава на рак на дојките кај пациентите кои користат импланти поради естетски или реконструктивни причини. Пациентките со позитивна лична или фамилијарна историја рак на дојките, може да имаат зголемен ризик за развивање на рак на дојките за разлика од тие што немаат историја на ваков тип на болест. Многу е важен самопрегледот на пациентките, како и редовните скрининг тестови, вклучувајќи мамографија и ЕХО на дојките. Доколку се палпира промена на дојките или таа се забележи со друг тип на дијагностички процедури, важно е внимателна биопсија од местото на промената, за да не дојде до повреда на имплантот.
Мамографија: Имплантите во градите може да ја отежнат мамографијата и може да направат потешкотија при дијагностицирање на карциномот на дојката. Секој имплант во дојката може да го поремети начинот на дијагностика без разлика од местото каде што е тој е аплициран. Руптура на имплантот може да се случи за време на компресија на дојката при мамографија. Дадете до знаење на дијагностичарот при ваквото испитување дека имате импланти во градите. Пациентите со капсуларна контрактура може да имаат поосетлива града при изведување на овој тип на дијагностична процедура. Ултразвучната дијагностика (ЕХО) е во бенефит при ваквите иследувања.
Промена/остранување на имплантите: Дополнителна ревизија, остранување или промена на градните импланти и останатото сврзно ткиво носи зголемен ризик за појава на компликации. Градите може да имаат неприфатлив изглед по остранување на имплантите.
Процедури за разбивање на капсулата: Затворена капсулотомија, односно процедурата при која со сила се нагмечуваат градите за да се разбие околната капсула НЕ се препорачува. Ова може да доведе до руптура на имплантот, крварење и други компликации.
Системски имулоношки болести и непознати ризици: Мал број на жени со импланти на градите пријавиле симптоми слични со тие на веќе познатите имулношки болести како системски лупус еритематозус, ревматиден артритис, склеродермија, и други болести кои потсетуваат на артритис. До денес, нема докажано никаква значителна поврзаност на пациентките со импланти на градите и овој тип болести. Овие болести се појавуваат истовремено и кај пациентки со импланти на градите и без импланти на градите. Ефектот на имплантите на градите кај пациентки со предиспозиција за имулошки заболување е непознат. Постои можност за непознат ризик асоциран со силиконски импланти за дојки и експандери на ткиво.
Волуменски големо зголемување на градите: Пациентки кои побаруваат зголемување на градите со диспропорционални големи гради мораат да имаат во предвид дека таков избор ги става на зголемен ризик од компликации. Постои појава на иреверзибилно истенчување на кожата на градите.
Непознати ризици: Постојат непознати ризици асоцирани со силиконски импланти за гради и експандери на ткиво.
Попречување со сентинелна лимфна жлезда: При самата хируршка интервенција и сечењето низ ткивото на дојката, може последователно да се поремети и попречи дијагностиката на сентинелната лимфна жлезда за одредување на стадиумот на карциномот на дојка.
Поставување на пирс на брадавицата: Пирсањето на брадавицата по зголемување на градите со импланти носи дополнителен ризик. Мора да се има во предвид дека доколку настане инфекција на местото, можно е да се прошири на местото на имплантот. Потребен е третман со антибиотици,а можно е и остранување на имплантот или дополнителни хируршки интервенции. Инфекциите во присутство на имплант на дојката потешко се третираат одколку инфекции на нормално ткиво.
Доење: Најдобрата храна за доенчиња е млекото на мајката. Многу жени успешно ги дојат своите бебиња со импланти на градите. Студијата покажала дека нивото на елементарен силикон во млекото кај доилки не е поголемо одколку кај пациенкти кој немаат импланти. Кравјото млеко содржи многу повеќе елементарен силикон одколку мајчиното млеко. При поставување на имплантите, постои можност за повреда на жлезденото ткиво, ареолата и жлездените канали, при што доењето станува невозможно кај овие пациентки. Кај пациентки со мастектомија, не е возможно доење на страната каде што е извршена оваа процедура.
Важна информација од пациентките: Многу е важно да го известите вашиот пластичен хирург ако користите орални контрацептиви, естрогенска замена, или ако се сомневате дека сте бремени. Многу од лекарствата како и антибиотиците, може да го неутрализираат ефектот на контрацептивите, при што би се овозможило концепција и несакана бременост.
Контакт: Тел. 070 215 423
Работно Време: 09:00 – 16:00
Контакт: тел. 02/3147 042
Работно време: 24 часа
РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 – 15:00
(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)
Copyright © 2025 Универзитетска Kлиника за Пластична и Реконструктивна хирургија Designed by CUT Web Design