Универзитетска Клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија Скопје ја цени вашата приватност. Со цел да разбереме како луѓето ја користат нашата веб страна и да ја подобриме, ние прибираме податоци за вашето користење на оваа страна. Оваа алатка ќе ви помогне да разберете какви информации се прибираат и ќе ви овозможи контрола на тоа како се прибираат и користат.
Колачиња претставуваат мали фајлови со податоци кои се поставени на вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате веб страна. Колачињата се многу користени од страна на интернет провајдерите со цел нивните веб страни да функционираат или за да функционираат поефикасно, како и за да обезбедат информации за извештаи.
Колачињата поставени од страна на сопственикот на веб страната или провајдерот на услуги (во овој случај Универзитетска Kлиника за Пластична и Реконструктивна хирургија ) се нарекуваат ‘колачиња на првата страна’. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб страната се нарекуваат ‘ колачиња на трети страни’. Колачињата на трети страни овозможуваат да се обезбедат можностите или функционалноста на трета страна на или преку веб страната или сервисот што го користите (како на пр. рекламирање, интерактивна содржина и аналитика). Третите страни кои ги поставуваат овие колачиња на трети страни може да го препознаат вашиот компјутер и кога ја посетува веб страната или сервисот и кога посетува одредени други страни и сервиси.
Користиме колачиња на прва страна и колачиња на трета страна од неколку причини. Некои колачиња се потребни заради технички причини, за нашите веб страни и услуги да можат да функционираат, и нив ги сметаме за ‘суштински’ или ‘неопходни’ колачиња. Други колачиња ни овозможуваат нам и на трети страни со кои соработуваме да ги следиме и таргетираме интересите на посетителите на нашите веб страни, а нив ги нарекуваме колачиња за ‘перформанси’ или ‘функционалност’. На пример, користиме колачиња за да ја прилагодиме содржината и информациите кои ви ги испракаме или презентираме и на тој начин го персонализираме вашето искуство додека сте во интеракција со нашите веб страни, и за да ја подобриме функционалноста на нашите услуги. Исто така, овозможуваме нашите корисници да употребуваат колачиња или слични технологии за следење во врска со нивното користење на услугите со цел да ни овозможат нам и на нашите корисници да ги следиме нивните претплатници. На крај, трети страни пласираат колачиња преку нашите веб страни и услуги за рекламни цели, аналитика и други цели. Повеќе детали за ова подолу.
Универзитетска Клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија Скопје во својство на Контролор на лични податоци, врши собирање, чување и обработка на лични податоци на физички лица со кои стапуваат во деловен однос.
Запирање на обработка на личните податоци. Субјектот на лични податоци има право со поднесување на Барање за запирање на обработката на личните податоци, да побара запирање на обработката на неговите лични податоци кога личните податоци се обработуваат со цел: извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на Универзитетска Клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија или на трето лице на кое му се откриени податоците или исполнување на легитимните интереси на Универзитетска Клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси. Доколку Барањето е основано, Универзитетска Клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија е должна да ја запре понатамошната обработка на личните податоци.Промена, дополнување или бришење на личните податоци По поднесено Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на
личните податоци од страна на субјектот на лични податоци, Универзитетска Клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија е должна да ги промени, дополни или избрише, односно да го сопре користењето на личните податоци.Барањето може да се испрати на меил: administracija@plasticsurgery.com.mk или да се достави писмено барање во најблиската физичка локација на Универзитетска Клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија. Барањето ќе биде проследено до Офицерот за заштита на личните податоци. Офицерот за заштита на личните податоци е должен да одговори и/или достави информација до субјектот на лични податоци, за секое уредно примено Барање во рок од 15 дена сметано од денот на прием на Барањето, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошок. Доколку Универзитетска Клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија еднаш одговорила и/или доставил информација за одредено Барање од страна на субјектот на лични податоци и не изминале 6 месеци од денот на доставувањето на претходното барање, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци.
Контакт: Тел. 070 215 423
Работно Време: 09:00 – 16:00
Контакт: тел. 02/3147 042
Работно време: 24 часа
РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 – 15:00
(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)
Copyright © 2025 Универзитетска Kлиника за Пластична и Реконструктивна хирургија Designed by CUT Web Design