• 02 3147 042
  • administracija@plasticsurgery.com.mk
  • Скопје

Наука и истражување

На Универзитеската Kлиника за Пластична и Реконструктивна хирургија изработени се различни проекти со клинички и експериментални истражувања како и докторски дисертации.

Клинички истражувања во склоп на докторски тези кои се изработени на нашата клиника:

Д-р сци. мед. Софија Пејкова 

“Молекуларно – Генетски маркери за прогресија на метастатскиот малиген меланом на кожата”

Ас. Д-р Игор Пеев 

“Компарација на две хирушки техники при оперативен третман на липоми: Липосукција наспроти класична хируршка интервенција”

Д-р сци. мед. Маргарита Пенева MSc.

“Споредбена анализа на кожни резови направени со хирушки скалпел наспроти електрохирушки кожни резови во предел на лицевата регија: Проспективно рандомизирано клиничко испитување”

Д-р сци. мед. Марија Милошевска – Мијалковска

“Компаративна анализа на реконструктивни техники, кожни трансплантати и резанки, применети за затворање на дефекти, по отстранување на немеланомски кожни карциноми во пределот на носот”

Ас. Д-р Христина Брешковска

“Евалуација на ефектот на Хипербарната оксигено терапија врз заздравувањето на хронични и хипоксични рани и врз хроничната инфламација”

Од 5 пријавени, пет прифатени трудови за презентација на Конгресот на Федерацијата на европски здруженија на хирургија на шака. Трудовите се на Д-р сци. мед. Софија Пејкова,  Ас.Д-р Бисера Николовска, Д-р Гордана Георгиева, Д-р Томислав Јованоски, Ас.Д-р Владимир Гиноски.