• 02 3147 042
  • administracija@plasticsurgery.com.mk
  • Скопје

Општи информации

Амбуланти

Универзитетска  Клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија

Работно време :

Понеделник – Петок 08:30-14:00

Локализација – Приземје на Хируршки клиники

Телефон: 00 389 2 3147 042

 Доколку имате закажан термин на нашата Клиника, ве молиме да дојдете половина час порано за да се најавите на шалтерот за прием и за да ја регулирате потребната документација.

Ако за прв пат доаѓате во нашата амбуланта, потребно е да ги донесете сите предходни испитувања што сте ги направиле во други установи.

На закажан контролен преглед потребно е да ги донесете сите предходни извештаи од Вашиот доктор.

Стационар

 На Универзитетската клиника за пластична и реконстуктивна хирургија стационарниот дел има 9 болнички соби и 33 кревети.

Клиниката има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ и врши услуги на осигурениците кои се наплатуваат со партиципација согласно зо законтот за ЗЗ на РМ.

За пациентите кои немаат осигурување услугите се наплатуваат во целост а се пресметуваат според типот на интервенција.

Клиниката врши дополнителна дејност за естетски операции (не подлежат на товар на ФЗОМ) кои се наплатуваат според ценовник за дополнителна дејност одобрен од Министерство за здравство. За повеќе информации закажете консултација кај нашите доктори.

Контакт тел : 02 3147 042

Интердисциплинарна соработка

– Трауматологија:реконструкција на дефекти на ектремитети

– Општа хирургија: реконструкција на дефекти на абдоминалниот ѕид

– Васкуларна хирургија: покривање дефекти со резени

– Кардиохирургија: реконструкција на дефекти на ѕидот на градниот кош,

– Соработка со други универзитетски болници

– Дерматологија: хируршки третман на малигни меланом, хируршки третман на тумори и карциономи на кожата со реконструктивна компонента

– Детска хирургија: третман на вродени аномалии

– Максилофацијална хирургија

– Неврохирургија – реконструкција на комплексни дефекти

– Неврологија: дијагностички испитувања на невро- и миопатии

– Ортопедија: реконструкција на дефекти, оптимизирање на ампутиран екстремитет за протетски направи

Персонал