Предавањата ќе бидат одржани од страна на Ас. д-р Софија Пејкова и Доц. д-р Боро Џонов. Една од можните последици во текот на лекувањето на ракот на дојка е загубата на дојката. Оваа состојба има негативно психичко влијание кај многу жени, но постои можност за естетски третман по хируршката интервенција на дојката – реконструкција по мастектомија. Постојат повеќе избори кога станува збор за реконструкција на дојка. Најверојатно најважното прашање кое треба да се постави е: Дали реконструкцијата на дојка е правиот избор за Вас? За многу жени кои го победиле ракот на дојка одговорот е ДА. После колку време по интервенцијата најрано може да се направи реконструкција? Кои се можните компликации и ризици за секој тип интервенција за реконструкција на дојките? Дали реконструкцијата на дојки може да биде истовремено со третманот на карциномот? Дали реконструкцијата по мастектомија е бесплатна во Македонија? На овие и на сите Ваши прашања че одговорат докторите Ас. д-р Софија Пејкова и Доц. д-р Боро Џонов.
Контакт: Тел. 070 215 423
Работно Време: 09:00 – 16:00
Контакт: тел. 02/3147 042
Работно време: 24 часа
РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 – 15:00
(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)
Copyright © 2025 Универзитетска Kлиника за Пластична и Реконструктивна хирургија Designed by CUT Web Design