• 02 3147 042
  • administracija@plasticsurgery.com.mk
  • Скопје

Соработката со Prof.Dr.Oskar Aszmann од AKH, Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Медицински универзитет Виена продолжува. Професорот е визитинг професор на Медицинскиот факултет Скопје, и континуирано преку своите искуства и предвања учествува во едукацијата на студентите и специјализантите од нашиот факултет. Prof.Oskar Aszmann во текот на овој престој заедно со тимот на хирурзи од Универзитетската клиника за пластична хирургија и реконструктивна хирургија направи микрохируршка операција за реконструкција на нерви кај пациент повреден пред неколку месеци. Исто така одржа и предавање на тема „Принципи на реконстрункција на периферни нерви”.Неговата експертиза и искуство се од особено значење за нашата клиника во однос на консултација за третман на комплексни случаи како и едукација на нашиот кадар.