✅ Во услови на недостаток на кадар во јавно здравствени установи (ЈЗУ) се дава можност кадар од друга ЈЗУ да оди и пружа услуги на пациентите во ЈЗУ во општината во која живеат пациентите, за да не одат на друго место да користат здравствена заштита и услуга. Со оваа одлука, услугата ја правиме достапна до пациентите. Наместо пациентите да патуваат во големите болници или во Скопје, сега специјалистите ќе доаѓаат каде е потребно;
✅ На здравствените работници со високо образование кои се корисници на пензија, им се овозможува да можат да бидат ангажирани во здравствени установи како консултанти и советници на здравствените работници;
✅ Се укинува испитот за директор на здравствена установа. Со измените здравствениот работник, односно соработник кој е именуван за директор може да ја врши и понатаму својата дејност со работа со дежурства, за што има право на соодветен надоместок;
✅ Се менува времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршувањето на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и утврдување односно намалување на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата;
✅ Се доуредуваат одредбите кои се однесуваат на тоа што преставува цена на здравствена услуга извршена преку дополнителна дејност и под кои услови се врши истата во текот на еден месец.
Со овие измени се зголемува квалитетот на здравствената заштита, се подобруваат условите за работа на медицинскиот кадар во нашата држава и нема фискални импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година.
Контакт: Тел. 070 215 423
Работно Време: 09:00 – 16:00
Контакт: тел. 02/3147 042
Работно време: 24 часа
РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 – 15:00
(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)
Copyright © 2025 Универзитетска Kлиника за Пластична и Реконструктивна хирургија Designed by CUT Web Design