• 02 3147 042
  • administracija@plasticsurgery.com.mk
  • Скопје

Крводарителска акција од страна на главните медицински техничари

Здравствените работници постојано се грижат за здравјето на нашите граѓани, неуморно посветени и одговорни. Денеска се организираше крводарителска акција од страна на главните медицински техничари на јавните здравствени установи во рамките на клинички центар и со нивниот медицинскиот персонал. Свесни и совесни за значењето на капката крв денеска покажаа хуманост, солидарност и алтруизам. Даруваа крв за да спасат животи. Овој нивен чин зрачи насекаде и е пример за да им се приклучат сите кои ја имаат таа можност. Дарувањето е привилегија на здравиот, а живот за болниот.