ИНТЕРВЈУ НА НОВА ТВ СО Д-Р МАРГАРИТА ПЕНЕВА: Внимавајте, инвалидитетот од петарди предизвикува и психичка траума кај децата.
Бројот на индивидуи повредени од петарди и други пиротехнички средства значително е намален, ако се направи споредба со периодот пред 10-ина и повеќе години. За тоа, секако, придонесуваат постојаните апели и континуираните кампањи спроведувани од страна на Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи. А опасноста од петарди е голема – физичкиот инвалидитет предизвикува психичка траума и сето заедно во значителна мерка го менува животот на детето, но и животот на целото семејство. Ова треба да го имаат на ум возрасните и тие треба да ги заштитат децата!, вели во интервјуто за НОВА ТВ д-р Маргарита Пенева, субспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Најмалиот пациент кој се повредил од петарда и побарал лекарска помош имал само пет години.(Цело интервју)
Контакт: Тел. 070 215 423
Работно Време: 09:00 – 16:00
Контакт: тел. 02/3147 042
Работно време: 24 часа
РАБОТНО ВРЕМЕ: 09:00 – 15:00
(по 14 часот итните пациенти се прегледуваат од страна на дежурниот доктор во ургентниот центар на ТОАРИЛ)
Copyright © 2025 Универзитетска Kлиника за Пластична и Реконструктивна хирургија Designed by CUT Web Design