• 02 3147 042
  • administracija@plasticsurgery.com.mk
  • Скопје

Благодарност за придонес во справување со пандемијата од Ковид – 19

Голем предизвик беше за нас, персоналот на Универзитетската Клиника за Пластична и реконструктивна хирургија да станеме дел од здравствениот систем кој што лекува пациенти со КОВИД-19. Оваа пандемија само потврди дека пред се, ние сме лекари, медицински сестри, здравствен персонал кој водејќи се од хуманоста покажа посветеност во тешки и сложени моменти за сите нас. Ние секогаш делувавме како тим, со посветена работа и професионализам доследно ја следиме нашата Хипократова заклетва.