• 02 3147 042
  • administracija@plasticsurgery.com.mk
  • Скопје

Д-р Гордана Георгиева добитник на државната награда “Успешен млад научник”

Искрени честитки до нашата колешка Д-р Гордана Георгиева која е добитник на престижната награда “Успешен млад научник” под покровителство на Претседателот на нашата држава. Д-р Георгиева е специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, асистент на медицинскиот факултет, докторанд со истражување во областа на периферните нерви. Оваа награда е само потврда дека емпатијата, посветеноста, истрајноста и креативноста – особини што ги поседува нашата колешка се клучот до успесите. И посакуваме уште многу успеси и награди во иднина, а нејзиниот пат да го следат нашите помлади колеги.