• 02 3147 042
  • administracija@plasticsurgery.com.mk
  • Скопје
Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија потпиша меморандум за соработка со Здружението Заедно Посилни. Меморандумот предвидува соработка преку организација на заеднички работилници, предавања и кампањи со посебен фокус на современи и ажурирани научни информации за ризикот од ХИВ-инфекцијата при професионална експозиција, превенцијата и профилаксата на лекарите и здравствениот персонал. Исто така се предвидени и активности за акцентирање на социјалните аспекти на ХИВ, кои имаат силно влијание на пристапот на пружање во здравствените интервенции.