
Прим. Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, ја истакнува важноста од превенцијата и одговорното однесување во употребата на пиротехнички средства
Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија –Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи на РепубликаСеверна Македонија, и оваа година ја спроведува превентивната кампањапод мотото „Создавај спомени без повреди!“.
Во видеото свое обраќање има директорката на Клиниката, Прим. Д-рЈасмина Ѓоргиевска Павловска, која ја истакнува важноста од превенцијата и одговорното однесување во употребата на пиротехнички средства, особенопетардите.
Целта на кампањата е да се укаже на сериозните ризици од користењетоексплозивни и пиротехнички средства, кои често доведуваат до тешкиповреди кај децата и младите. Преку едукативни предавања и директнакомуникација со учениците од основните и средните училишта, се стремимеда ја подигнеме свеста за опасностите и да ги охрабриме младитепразниците да ги прослават на безбеден начин.Презентациите се одржуваат од страна на лекари од нашата Клиника, заедносо претставник од Министерството за внатрешни работи. Преку практичнипримери и корисни совети, тие ја нагласуваат важноста од одговорност ипретпазливост, со цел да придонесеме кон намалување на несаканитеповреди во пресрет на празниците.