По повод Светскиот месец за борба против ракот на дојката, ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија ја истакнува важноста на раното откривање, навременото лекување и континуираната грижа за пациентките. Покрај лекувањето, реконструкцијата на дојката претставува значаен чекор кон враќање на самодовербата и подобрување на квалитетот на животот. Нашата порака е јасна: грижата за здравјето не завршува со октомври,…
Стручна посета и успешни реконструктивни интервенции по повод месецот за подигнување на свеста за ракот на дојка
Во рамки на активностите по повод Октомври – месецот за подигнување на свеста за ракот на дојка, на ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беше реализирана стручна посета на спец. д-р Игор Маљковиќ, пластичен хирург од Република Србија. Посетата беше организирана на иницијатива на директорката на Клиниката, прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска, во насока на континуирано…
Итната помош: од нови возила до нов систем
Денес, заедно со премиерот Hristijan Mickoski, ги промовиравме 100-те нови возила за Итната медицинска помош. Тоа е важен чекор, но само почеток.🩺 Опремата во возилата е на сосема ново ниво: напреден дефибрилатор/монитор со пејсинг, ЕКГ и ST/QT мониторинг, кислородна и респираторна опрема за возрасни, деца и новороденчиња, вентилација/климатизација, автоматска носилка и систем за намалување на вибрациите. Тоа значи дека третманот…
Розевиот пикник појадок
УК за пластична и реконструктивна хирургија дел од „Розевиот пикник појадок“ – грижата продолжува и по победата над карциномот ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беше дел од овогодишниот „Розев пикник појадок“, настан посветен на подигнување на свеста за карциномот на дојка, превенцијата, навременото лекување и поддршката на жените кои се соочуваат со ова заболување. Во…
Journal club д-р Ѓорѓи Ставриќ
На денешниот Journal club д-р Ѓорѓи Ставриќ направи краток приказ на Интернационалниот конгрес во Барселона, кој се одржа 17-20 Март и каде присуствуваа голем дел од нашите колеги. Како дел од него беше и Роботскиот симпозиум, каде беа споделени најновите иновации од светот на роботиката и нивната примена во реконструкцијата на дојките и телото. Зедовме активно учество во две работилници:…
Journal Club Д-р Глориа Ѓоргова
Д-р Глориа Ѓоргова на денешниот Journal Club презентираше за развојот на реконструктивната хирургија – од Sushruta, преку Ambroise Paré и Sir Harold Gillies, до пионерите на микроваскуларната хирургија Dr. Harry Buncke и Dr. Marco Godina. Предавањето потсети дека секоја современа техника е изградена врз знаење, визија и храброст на генерации хирурзи, и дека вистинска привилегија е денес лично да учиме…
Journal Club со д-р Ана Селчанец
Во рамки на денешниот Journal Club, д-р Ана Селчанец презентираше одличен и практично ориентиран преглед на меланомот од аспект на реконструктивната хирургија. Беа дискутирани ширината на ексцизијата, изборот на реконструктивни техники според анатомската регија, значењето на sentinel lymph node biopsy, како и современите можности што ги нуди ICG fluorescence imaging Презентацијата поттикна активна дискусија и размена на искуства. Пациентот е…
На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции
На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до 12 часа и бараа највисок степен на подготовка, експертиза, прецизност и тимска координација. Операциите се извршени под менторство на проф. д-р Јан Јерун Вранкс од Белгија, истакнат европски и светски експерт во областа на реконструктивната микрохирургија и визитинг професор на…
Прим. Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, ја истакнува важноста од превенцијата и одговорното однесување во употребата на пиротехнички средства
Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија –Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи на РепубликаСеверна Македонија, и оваа година ја спроведува превентивната кампањапод мотото „Создавај спомени без повреди!“. Во видеото свое обраќање има директорката на Клиниката, Прим. Д-рЈасмина Ѓоргиевска Павловска, која ја истакнува важноста од превенцијата и одговорното однесување во употребата на пиротехнички средства, особенопетардите. Целта на кампањата…
Journal Club сесија со Prof. Innocenti
Дискусијата за реконструктивните опции кај комплексни случаи ни покажа колку многу можеме да постигнеме кога знаењето, искуството и желбата за учење се спојат на едно место. Нашите специјализанти и колеги уште еднаш докажаа дека љубопитноста, посветеноста и стремежот кон извонредност се двигател на напредокот во реконструктивната хирургија. Голема благодарност до Prof. Innocenti за инспирацијата, искуството и знаењто што несебично ги сподели…