
Journal club д-р Ѓорѓи Ставриќ
На денешниот Journal club д-р Ѓорѓи Ставриќ направи краток приказ на Интернационалниот конгрес во Барселона, кој се одржа 17-20 Март и каде присуствуваа голем дел од нашите колеги. Како дел од него беше и Роботскиот симпозиум, каде беа споделени најновите иновации од светот на роботиката и нивната примена во реконструкцијата на дојките и телото. Зедовме активно учество во две работилници: Работилницата за Ултразвук, каде се идентификуваа перфоратори за слободни флепови и Работилницата за ICG: Индоцијангрин боја, каде ја видовме широката примена на бојата во медицината.
Ваквите едукативни активности го збогатуваат значително нашето знаење и не мотивираат за нивна понатамошна примена.



