
Итната помош: од нови возила до нов систем
Денес, заедно со премиерот Hristijan Mickoski, ги промовиравме 100-те нови возила за Итната медицинска помош. Тоа е важен чекор, но само почеток.
🩺 Опремата во возилата е на сосема ново ниво: напреден дефибрилатор/монитор со пејсинг, ЕКГ и ST/QT мониторинг, кислородна и респираторна опрема за возрасни, деца и новороденчиња, вентилација/климатизација, автоматска носилка и систем за намалување на вибрациите. Тоа значи дека третманот на пациентот почнува уште во возилото, а не дури во болница.
🚑 Планот е возниот парк на Итната помош од сегашните 140 да го зголемиме на 200 возила. Веќе водиме разговори за уште 50 нови возила во 2027 година. Паралелно ги следиме кадровските потреби и критичните точки, за ресурсите да одат таму каде што се најпотребни.
Но возилата сами по себе не се доволни. Затоа ја реформираме целата служба:
✅ ИМП како посебна установа, одделена од Здравствениот дом, прво во Скопје
✅ воведување парамедици во тимовите
✅ национален систем за тријажа, за еднакво постапување насекаде
✅ национален диспечерски центар со јасни показатели за успешност (KPI)
Ги поздравувам основањето на Македонската асоцијација за ургентна медицина минатата година и поддршката од Европското здружение за ургентна медицина за овие реформи.
Целта е јасна: секој граѓанин, без разлика каде живее, да добие навремена и еднаква итна медицинска грижа.
Министерство за здравство Влада на Македонија
#ИтнаПомош #ИМП #Здравство #Реформи #СевернаМакедонија