Октомври – месец на подигнување на свеста за ракот на дојката
По повод Светскиот месец за борба против ракот на дојката, ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија ја истакнува важноста на раното откривање, навременото лекување и континуираната грижа за пациентките.
Покрај лекувањето, реконструкцијата на дојката претставува значаен чекор кон враќање на самодовербата и подобрување на квалитетот на животот.
Нашата порака е јасна: грижата за здравјето не завршува со октомври, а секоја жена заслужува поддршка, надеж и нов почеток.