• 02 3147 042
  • administracija@plasticsurgery.com.mk
  • Скопје
Uncategorized
Розевиот пикник појадок

Розевиот пикник појадок

УК за пластична и реконструктивна хирургија дел од „Розевиот пикник појадок“ – грижата продолжува и по победата над карциномот

ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беше дел од овогодишниот „Розев пикник појадок“, настан посветен на подигнување на свеста за карциномот на дојка, превенцијата, навременото лекување и поддршката на жените кои се соочуваат со ова заболување.

Во соработка со ХЕМА-ОНКО и Medicus Help, тимот на Клиниката, предводен од директорката прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска, со активно учество на специјалистите и специјализантите по пластична и реконструктивна хирургија, овозможи бесплатни прегледи и стручни консултации за реконструкција на дојка по хируршко лекување на карцином.

Целта беше пациентките одблиску да се запознаат со можностите на современата реконструктивна хирургија и да добијат одговори на прашањата кои често остануваат во втор план во текот на борбата со болеста.

За нас, лекувањето не завршува со отстранувањето на карциномот.

Реконструкцијата на дојката е многу повеќе од хируршка процедура. Таа е важен дел од процесот на физичко и психолошко закрепнување – чекор кон враќање на телесниот интегритет, самодовербата и квалитетот на живот на пациентката. Токму затоа, наша определба е современите можности за реконструкција да бидат што подостапни и поблиски до секоја жена на која ѝ се потребни.

Особена чест претставуваше посетата на штандот на Клиниката од претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, и министерот за здравство, при што беше потенцирано значењето на континуираната грижа за пациентките и реконструктивната хирургија како дел од современиот, сеопфатен третман на карциномот на дојка.

Учеството на вакви настани е дел од нашата определба медицината да ја доближиме до пациентите и надвор од болничките ѕидови – преку едукација, превенција, достапна стручна консултација и пред сè, човечки пристап.

Зад секоја дијагноза стои жена со своја приказна, семејство, стравови и надежи. Наша задача не е само да лекуваме, туку да бидеме покрај неа на целиот пат – од дијагнозата и операцијата, до закрепнувањето и повторното враќање кон животот.

Затоа што лекувањето спасува живот.

А вистинската грижа помага тој живот повторно да се живее со елан и самодоверба

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *